Прекрасни совети од принцезата Дијана кои се полни со мудрости за животот

Сите имаме слушнато за принцезата Дијана и за нејзината трагична смрт. Принцезата од Велс била родена на 1 јули 1961 година во Сандрингам, Англија. Ако нејзиниот живот не завршеше прерано таа ќе го славеше својот 58-ми роденден. Некои зборови од принцезата и денес се цитираат и на многумина им се драги што не е чудно бидејќи Дијана покрај нејзината положба и слава била многу драга и скромна личност која несебично им давала помош на оние на кои им била најпотребна – на гладните, напуштените и болните.

И покрај нејзината прерана смрт, очигледно е дека зад неа оставила големо позитивно влијание. Прочитајте дел од нејзините најпознати мисли коишто без сомнение ќе ве инспирираат.

„Најголем проблем денес во светот е нетолеранцијата. Секој е нетолерантен кон секого.“

„Правете го она што ви го вели срцето.“

„Ништо не ми носи повеќе среќа од обидите да им помогнам на најранливите луѓе во општеството. Таа цел е најважен дел од мојот живот, на некој начин моја судбина. Кој и да е во неволја, може да ме повика. Ќе дојдам трчајќи, каде и да се наоѓа.“

„Правете добри дела без да очекувате награда и бидете сигурни дека еден ден некој ќе го направи истото за вас.“

„Кога си среќен можеш многу да простуваш.“

„Сакам да влезам во собата, без оглед дали е тоа во болница за умирање или болница за болни деца. Сакам да правам, не само да постојам.“

„Најголемата болест овие денови и во ова време се луѓето што не се чувствуваат сакано.“

„Прегратката може да направи многу добрина, особено за децата.“

„Правилата не ми се важни, ме води срцето, а не главата.“

„Многу луѓе ме поддржаа во мојот јавен живот, а јас никогаш нема да ги заборавам.“

„Каде и да видам страдање, сакам да бидам таму за да помогнам колку што можам.“

„Секој треба да биде почитуван.“

„Семејството е најважната работа на светот.“

„Јас допирам до луѓето. Мислам дека тоа е секому потребно.“

„Би сакала да бидам кралица на човечките срца.“

Прочитајте ги и овие 15 моќни цитати за животот, љубовта и мирот од Џон Ленон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар