Користете ја оваа билка за да ги исфрлите штетните материи од водата која ја пиете!

Користете ја оваа билка за да ги исфрлите штетните материи од водата која ја пиете!

Дали знаевте дека коријандерот може да ја прочисти водата? Прочитајте за неговите својства во продолжение!

Користете ја оваа билка за да ги исфрлите штетните материи од водата која ја пиете!

Во денешно време водата што ја пиеме е загадена со тешки метали и токсини. Кога ќе се земат предвид старите цевки низ кои оваа вода тече до нашите домаќинства, проблемот станува уште полош.

Во таквата вода од чешма може да се најдат различни штетни и опасни материи, како што се флуор, жива, алуминиум, бакар и нитрати, како и хлор, кој се користи за прочистување на водата.

Бидејќи во летните денови имаме уште поголема потреба од хидратација, многу е важно да внимаваме на квалитетот на водата што ја пиеме, односно да ја консумираме прочистена.

Од друга страна, со секојдневното консумирање загадена вода во организмот се таложат тешки метали и токсини кои со текот на времето можат да доведат до заболувања.

Покрај вриењето и дестилирањето на водата, постојат и други природни начини за филтрирање или прочистување на водата од токсични материи.

Коријандерот (лат. Coriandrum sativum) е суштинска состојка во азиските и мексиканските јадења. Изгледа како магдонос, но има многу поинтензивен вкус. Многу народи го ценат илјадници години, а денес е особено познат по моќните прочистувачки својства.

Освен тоа, го зајакнува имунитетот, поволно делува на варењето и ја намалува надуеноста, како и задржувањето на водата во организмот. Според студиите, по консумирањето на големи количини коријандер, значителни количини жива, олово и алуминиум се излачуваат во урината.

Ова растение има слично прочистувачко дејство кога го ставаме во вода. Истражувањата покажале дека грст коријандер е доволен за филтрирање на 2 литри вода.

Кога го потопувате коријандерот, без разлика дали е свеж или сув, во загадена вода, штетните честички, токсините и металите од водата се врзуваат или се лепат за него. Благодарение на ова, таквата вода станува многу побезбедна за пиење.

Откриено е и дека ова растение најдобро ги врзува живата и оловото, два исклучително токсични и опасни тешки метали. Тајната на коријандерот се крие во структурата на надворешните ѕидови на микроскопските клетки на неговите лисја. Нивната порозна структура овозможува брза апсорпција на тешките метали од загадената вода во која се наоѓаат.

Можете да ги исушите листовите од коријандер, а потоа да ги исечкате и да наполните ќесичка чај со нив. Потоа оставете ја ќесичката со коријандер да отстои неколку часа во вода за растението да ги впие тешките метали и другите нечистотии.

Откако прочитавте за прочистувачките својства на коријандерот, можеби ќе сакате да прочитате и зошто коријандерот е суперхерој меѓу растенијата.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар