Корисник на Тик Ток објави едноставен рецепт за крем бруле кој мора да го пробате!

Еден корисник на Тик Ток сподели рецепт за брз и лесен крем крем бруле со стопен сладолед од ванила.

@shefshaqYou do NOT need a blow torch. 🔥 ##food ##foodlover ##easyrecipes ##quickrecipes ##foryou ##foryoupage ##fyp ##baking♬ original sound – shef shaquille

Потребни состојки:

  • 120 милилитри стопен сладолед
  • 1 жолчка
  • шеќер

Начин на подготовка:

  1. Стопете го сладоледот во микробранова печка.
  2. Потоа додадете ја жолчката, изматете темелно, така што сè ќе се комбинира, а потоа истурете во еден мал длабок сад.
  3. Откако ќе ја загреете рерната на 165 степени, земете го плехот за печење, а во него ставете го малиот сад со смесата од сладоледот и жолчката.
  4. Кога ќе го ставите плехот во рерна, внимателно истурете малку топла вода во плехот, односно до половината од садот со крем бруле.
  5. Печете помеѓу 40 и 50 минути. По најмалку два часа, можете да го карамелизирате шеќерот во тава за да го прелиете крем брулето. Одозгора можете да посипете и со малку шеќер.

Погледнете го и овој рецепт за неодолива пита со грозје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар