Како сами да направите едноставен велигденски маникир?

Оваа година ќе го прославиме Велигден дома, но тоа не значи дека не треба да се разубавите и да уживате колку што можете повеќе, а овој предлог за разубавување ќе ви помогне во тоа. Станува збор за велигденски маникир, па сигурно очекувате дека треба да цртате јајца, пилиња, зајачиња или нешто слично. Меѓутоа, љубителите на маникирот одлучиле да ги украсат ноктите како мали пастелни чоколадни јајца: розови, виолетови или жолти со мали црни точки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by · 𝕹𝖎𝖓𝖆 𝕶𝖎𝖊𝖚 𝕹𝖆𝖎𝖑𝖘 · (@ninakieunails) on

Две пастелни нијанси на лак за нокти и една црна ќе бидат доволни за овој изглед на ноктите. Малите нерамни точки можете да ги направите на многу различни начини, но најчесто се прават со мала четка за нокти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by altbeauty (@altbeauty22) on

Овој маникир изгледа одлично и на кратки нокти, а ако немате пастелни нијанси на лак за нокти, обидете се со малку потемни нијанси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Louise Sosa (@handpaintednailsbysosa) on

Светлите нијанси, исто така, ќе изгледаат одлично на овој велигденски маникир. Мешавината на живописни жолти, розови, тиркизни и виолетови нијанси е полн погодок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CPH (@conniepharrison) on

Погледнете ги овие 5 прекрасни маникири што можете да ги направите сами дома.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар