Пресметајте го бројот на вашата животна патека и дознајте што ве чека во иднина

Може ли нечиј животен пат да се сведе на еден број? Експертите велат дека може затоа што симболиката на броевите постои многу одамна. Секој човек се раѓа на одреден датум од кој може да се пресмета бројот и да се открие неговата животна патека. Кој е бројот на вашата животна патека и како да го пресметате? Постапката е многу едноставна и може да открие многу за вас или за личноста за којашто сте заинтересирани.

Пресметајте го бројот на вашата животна патека и дознајте што ве чека во иднина

Единствената информација што ви е потребна е датумот на раѓање. Бројките на денот, на месецот и на годината на раѓање се собираат и се сведуваат со понатамошно собирање додека да стигнете до број помеѓу 1 и 9, освен ако не ги добиете броевите 11 и 22. Овие броеви не ги собирате додека не добиете едноцифрен збир.

На пример:

Ако сте родени на 29.3.1981 година, собирате:

2 + 9 + 3 + 1 + 9 + 8 + 1 = 33 = 3 + 3 = 6

Значи, бројот на вашата животна патека е бројот 6.

Број на животна патека 1

Животниот стил на овие луѓе се нарекува индивидуализам. Сакајќи или не, тие треба сами да направат многу работи, па со текот на времето зајакнуваат и стануваат пример за другите. Од нив се бара храброст, волја, темперамент и динамичност. Тие секогаш се активни и не можат да мируваат. Понекогаш, животната патека им е исполнета со многу борби и пречки, но овие личности поседуваат сè што им е потребно за да ги надминат пречките. Тие често може да имаат и среќа во тоа што го прават и не можат да го поминат животот без предизвици.

Број на животна патека 2

За овие личности се карактеристични соработката, смиреноста, а понекогаш и пасивноста. Тие најдобро функционираат во пар и се исклучително талентирани за дипломатија и за соработка. Секогаш им е полесно да дејствуваат ако се во друштво, па ретко ќе ги видите сами. Тие се развиваат и напредуваат постепено и кај нив нема скокови.

Број на животна патека 3

Многумина го сметаат овој број за среќен и свет број. Луѓето со овој број имаат чувство за хармонија и се особено надарени за контакти и за комуникација. Обично се наоѓаат во позиција да ги поврзуваат другите луѓе, да пренесуваат информации или да ги насочуваат другите. Тие се многу елоквентни и натпросечно снаодливи. Не е невообичаено да поминат голем дел од животот во движење, патувајќи од едно на друго место, а потоа повторно да се вратат и така постојано. Тие се отворени и брзо шират познанства, па во друштвото се пречекувани со задоволство.

Број на животна патека 4

Патот на овие луѓе е обележан со бавен и сигурен напредок, а нивните карактерни црти се доследност, упорност, конвенционалност и почитување на традицијата. Тие се сигурни чувари на својот дом и честопати вистински патриоти. Сè што е сигурно и утврдено е нивна област. Ако нивниот живот можеби не изгледа привлечен, тоа значи дека тие функционираат на долга патека преку трпеливост и напорна работа. Она што ги издвојува од останатите е тоа што можете да се потпрете на нив и тие се одлично рамо за плачење. Кога ќе постават цврсти темели, ќе го изградат докрај тоа што го започнале. Кој бара сигурност и сила, треба да се потпре на овие личности.

Број на животна патека 5

Животот на овие личности е полн со богати и неочекувани настани. Овие луѓе се креативни и способни за големи страсти. Тие знаат да направат вистински настан од ништо, па се омилени меѓу луѓето затоа што создаваат вибрации како нешто секогаш да се случува. Но, настаните низ кои минуваат може да тргнат и во погрешна насока, така што знаат да бидат дел и од многу непријатни авантури.

Број на животна патека 6

На овие личности им е важна рамнотежата. Честопати се наоѓаат во позиција да можат или да мора да изберат помеѓу две или повеќе опции. Нивниот животен избор бара од нив да преземат одговорност за она што го започнале. Тоа е причината зошто нивниот животен пат секогаш може да оди во две насока – онаа што е добра или онаа што не е добра за нив, а сами сносат одговорност за последиците. Овие личности се многу способни да живеат со други, важни им се бракот, љубовта и семејството затоа што таму ја наоѓаат вистинската рамнотежа, а често се смирени и приспособливи. Моментот на одлуката е клучот за нивниот понатамошен пат во животот.

Број на животна патека 7

Овој број е независен, оригинален и богат со дух. Седумката е свет број кој се состои од четирите страни на светот плус светиот број три, така што неговата симболика е многу интересна и сложена. Овие луѓе имаат посебно патување и треба да поминат многу, од борба со околината или борба поради некои свои идеи, па сè до патувања и длабоки размислувања и откривања. Тие се оригинални истражувачи кои минуваат низ многу работи во својот живот. Обично им се исклучително интересни на другите, но не се секогаш склони да се поврзуваат со нив. Тие повеќе сакаат пријателски однос отколку интимен.

Број на животна патека 8

Патот на овие луѓе е обележан со јасно и моќно влијание. Тие имаат чувство за материјалното и обично успеваат во работата, но тоа не значи дека не ризикуваат. Може да се најдат во опасни ситуации или дилеми од кои може да ги извлечат само ладнокрвноста, издржливоста и силата. Обично, по предизвикувачки и ризични ситуации, тие се здобиваат со стабилна позиција, а често стекнуваат и богатство.

Број на животна патека 9

Овие личности се идеалисти и благородни души на кои им е непознато сè што е ниско и лошо. Често се наивни, но и со тој пристап, тие имаат среќа, исто како децата. Склони се кон далечини, височини и длабочини, така што сè што нема крај е нивна област.

Тоа често се манифестира и во нивниот живот кој е исполнет со буквални патувања или патувања на душата што им овозможуваат широки хоризонти, така што овие личности се најмоќните филозофи, истражувачи и луѓе со голема толеранција. Тие се отворени личности и се големи хуманисти. Секогаш ги следат своите идеали и знаат да се издигнат над проблемите. Тие се храбри и ги сакаат луѓето.

Број на животна патека 11

Животната патека на овие луѓе содржи големи планови, но секогаш постои линија на исклучителност. Тие се способни да влијаат врз другите луѓе, па може да остварат големи дела. Но, тие не толерираат какво било ограничување, а тоа може да ги натера да играат на сè или ништо. Таквото одење по жица може да доведе до голем успех, но и до голем неуспех, така што нивниот животен пат честопати е обележан со големи подеми и падови. Но, поради силниот карактер, тие повторно продолжуваат да го градат тоа што е срушено и повторно се издигнуваат на врвот, така што приказната повторно има свое продолжение.

Број на животна патека 22

Овој број затвора многу циклуси и ја претставува животната патека на големите одлуки. Овие луѓе обично имаат натпросечни способности и поради тоа честопати им се дава можност да дејствуваат на универзално ниво за општото добро. Поради овие особини и поради барањата што се поставени пред нив, тие најчесто ги запоставуваат сопствените интереси. Нивната патека е обележана со многубројни активности преку кои доаѓаат до израз нивните одлични способности, а нивните дела се паметат со години.

Погледнете кој е вашиот ангел чувар според датумот на раѓање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Мирко Reply

    Фасциниран сум од оваа статија, ми се падна бројот 7 стварно сум посебен. Браво за Христина, феноменална писателка.

Остави коментар