4 ефективни ритуали за посреќен живот во време на криза

Денес секој може да биде самопрогласен психолог или животен гуру, а советите за подобар живот се шират насекаде. Но, ако се сомневате во тоа што тие го говорат, во право сте – патот до среќата не е толку комплициран како што другите го презентираат, тврдат невролозите од Универзитетот во Лос Анџелес. Нивното истражување открива 4 клучни фактори што се заслужни за чувството на задоволство.

4 ефективни ритуали за посреќен живот во време на криза

1. Најважните прашања што треба да си ги поставите во време на криза

Понекогаш изгледа како вашиот мозок да не сака да биде среќен, па може да се чувствувате засрамено или виновно. Зошто? Верувале или не, вината и срамот го активираат центарот за наградување во мозокот. Интересно е што чувството за гордост е една од најмоќните емоции што предизвикува активност во повеќето делови на мозокот, освен во областа на „нуклеус акумбенс“, каде што победуваат вината и срамот. Поради ова, потсвесно сакате да се обвинувате и да се срамите, како и да се грижите претерано. Накратко, поради тоа што сте загрижени за нешто, вашите мозок се чувствува подобро затоа што барем прави нешто во врска со проблемот.

Тоа може добро да влијае на вашата психа, но вината, срамот и загриженоста се ужасни чувства и затоа невролозите препорачуваат зголемување на нивото на допамин. Тоа можете да го постигнете со лекови, но и со нешто многу поедноставно – изразување благодарност. Доволно е да се запрашате „за што сум благодарен/на?“. Иако понекогаш изгледа како да нема за што да бидете благодарни, поентата е да го барате одговорот, односно да размислувате за позитивни и убави работи, како што се семејството, здравјето, пријателите, покривот над главата и сл.

2. Идентификувајте ги негативните чувства

Се чувствувате ужасно. Во ред, дајте му име на тој ужас. Тага? Лутина? Вознемиреност? Тоа е едноставно, без оглед колку глупаво ви звучи. Истражувањата покажале дека луѓето кои ги потиснуваат негативните емоции никогаш не успеваат во тоа, но колку побрзо ќе се соочите со нив, толку побрзо ќе поминат. Само треба да пронајдете зборови што ја опишуваат емоцијата, а тоа ќе го активира префронталниот кортекс. Именувањето на чувствата е основен метод што го користат преговарачите на ФБИ со луѓето кои се во заложништво.

3. Донесете одлука

Дали некогаш сте донеле одлука и веднаш сте почувствувале олеснување? Тоа не е случајна појава. Донесувањето одлуки вклучува процес на создавање намери и поставување цели, а донесените одлуки го смируваат лимбичниот систем. Но, донесувањето одлуки понекогаш е тешко, а невролозите имаат одговор и за тоа.

Понекогаш е доволно да се донесат одлуки кои се „доволно добри“ и не треба да се мачите да го најдете совршеното решение затоа што не постои такво нешто. Вие ја преземате контролата врз вашите емоции преку одлуките, а тоа е најважно.

4. Допирајте ги луѓето

Луѓето имаат потреба од љубов и прифаќање од другите. Исто така, недостатокот на чувството на љубов и прифаќање е докажано болно искуство, но може и да се лекува. Без разлика дали станува збор за ракување, прегратка, тапкање по рамото или бакнеж, тоа е она што ви треба на дневна основа, а колку повеќе си го скратувате тоа, толку полошо се чувствувате. Вашата „цел“ не треба да биде само партнерот, туку сите драги луѓе покрај кои се чувствувате безбедно и добро.

Погледнете ги овие 5 утрински ритуали што ќе ви го подобрат расположението.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар