Кој е посреќен – сопствениците на кучиња или на мачки?

Сопствениците на кучиња и на мачки постојано се натпреваруваат кое милениче е подобро, попаметно, поснаодливо, попривлечно итн. Научниците, исто така, се заинтересирани за овие прашања, но ги заинтригирало и прашањето кој е посреќен – сопствениците на кучиња или сопствениците на мачки?

Кој е посреќен - сопствениците на кучиња или на мачки?

Најновото американско истражување било спроведено преку анкета, која за првпат вклучила низа прашања за сопствениците на миленичињата. Истражувањето, покрај тоа што открило дека 6 од 10 домаќинства имаат домашно милениче, открило и кои сопственици се посреќни.

Сопствениците на кучиња се двапати посреќни од сопствениците на мачки, додека луѓето кои немаат миленик се на второ место. Со други зборови, луѓето кои имаат куче се малку посреќни од луѓето кои немаат домашно милениче, но се двапати посреќни оние што имаат мачка.

Истражувањето, исто така, открило дека сопствениците на кучиња имаат поголема веројатност да стапат во брак и да купат свој дом отколку сопствениците на мачки, а овие 2 фактори влијаат врз среќата и задоволството од животот.

Оваа анкета се состоела од голем број прашања за тоа како луѓето комуницираат со своите миленици, а одговорите може да објаснат и некои разлики во среќата. На пример, сопствениците на кучиња бараат утеха кај домашното милениче кога се под стрес, си играат со него и го сметаат за член на семејството.

Претходните истражувања на оваа тема дале различни резултати. Во 2006 година, Центарот за истражување „Pew“ во Вашингтон не открил значајни разлики во среќата помеѓу сопствениците на мачки и на кучиња, додека истражувањето во 2016 година открило дека сопствениците на кучиња се посреќни. Нивното истражување од 2015 година го поврзува присуството на мачката во домот со намалување на негативните емоции, но не и пораст на позитивните.

Дали знаете какви се последиците од спиењето со куче или со мачка?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар