5 прекрасни маникири што можете да ги направите сами дома

Ако во моментов сте во ситуација да можете да работите од дома, тогаш сигурно веќе сте ги совладале методите на организирање на работата и на денот. Исто така, сигурно имате малку повеќе време што ви овозможува да се позанимавате со работите за кои можеби немавте време, како што се гледање филмови, испробување нови рецепти или правење маникир. Маникирот што ќе го направите дома може да ви послужи како релаксација, да ви го одвлече вниманието од тековните вести и да ви помогне да научите нешто ново. Погледнете ги овие предлози за маникир кој ќе ве расположи веднаш штом ги погледнете вашите нокти.

1. Полумесечина

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betina R. Goldstein (@betina_goldstein) on

Овој едноставен маникир ќе го направите многу лесно така што ќе нанесете лак на целиот нокт, но оставете го коренот на ноктите во форма на полумесечина. За овој маникир, ќе ви треба лепенка за да формирате полумесечина на коренот на ноктите. Ако немате такви лепенки, можете да искористите парче хартија што ќе го исечете во таква форма.

2. Француски маникир во боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fong Min Liao 廖鳳敏 (@fongminliao) on

Спротивно на полумесечината, кај овој маникир ќе нанесете лак само на врвовите на ноктите, покривајќи го остатокот од површината на ноктите со хартијата. Секој врв на ноктите може да биде во различна боја.

3. Кравја шема

 

View this post on Instagram

 

A post shared by steph stone (@stephstonenails) on

Иако не изгледа едноставно, овој маникир е всушност многу лесен. Прво нанесете бел лак како подлога и откако добро ќе се исуши, нанесете мали, неправилни точки со црн лак или лак во друга боја.

4. Виножито

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie (@overglowedit) on

Разнобојниот маникир е многу популарен тренд. Изберете пастелни бои на лакови и водете се според правилото „колку пошарени нокти, толку подобро“.

5. Геометриски маникир

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betina R. Goldstein (@betina_goldstein) on

Можете да комбинирате различни бои на лакови за нокти, така што ќе „капнете“ две точки на површината на ноктите, а останатиот дел од ноктите оставете го празен.

Погледнете кои неонски бои ќе бидат во мода во текот на оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар