Како реагира вашето тело кога криете нешто од партнерот?

Како реагира вашето тело кога криете нешто од партнерот?

Чувањето тајна никогаш не е лесно, но криењето нешто од партнерот може да биде уште потешко, особено затоа што силните врски се градат врз доверба и искреност. Избегнувањето на темата може да ја изневери таа доверба и да предизвика многу стресни ситуации. Но, и покрај потенцијалните несакани ефекти, имајте на ум дека некогаш е подобро некои одредени работи да ги чувате само за себе.

Како реагира вашето тело кога криете нешто од партнерот?

Постои разлика помеѓу приватноста и тајните. Сите возрасни личности имаат свои приватни мисли што не ги откриваат пред партнерот. На пример, вие не мора да му го раскажете на партнерот целото ваше минато ако не сакате да го направите тоа. Исто така, ако не чувствувате дека некој моментот е добар за да споделите некоја приказна, подобро е да почекате.

Но, стресот многу почесто е предизвикан од теми што би можеле да влијаат лошо на вашата врска или од работи што вашиот партнер треба да ги знае, но вие се плашите да му ги кажете. Ако информациите што треба да ги споделите со партнерот ви изгледаат потенцијално опасни за вашата врска и можат да му наштетат на партнерот или ако мислите дека вашиот интегритет, доверба или верност ќе бидат загрозени, тогаш тој процес може да биде многу стресен.

Сè додека ја чувате тајната во себе, ќе забележите дека се појавуваат многу стресни симптоми. Можеби ќе се чувствувате нервозни и вознемирени секојпат кога партнерот ќе почне да разговара на теми поврзани со информациите што ги криете, а со текот на времето ќе развиете главоболки, стомачни болки и мускулна напнатост. Исто така, тајната што ја криете може да влијае на вашата дневна рутина, а главниот симптом е неможноста да спиете во текот на ноќта. Првичното заспивање е лесно, но се будите во 2 часот наутро без причина, а следниот ден сте уморни.

Со текот на времето, криењето нешто важно може да влијае и на вашата емотивна состојба. Можеби ќе бидете помалку трпеливи и повеќе нервозни, па ако сакате да го зачувате вашето здравје, имајте предвид дека подобро е да ја откриете тајната.

Сепак, можеби ќе одлучите да не ги споделите информациите со вашиот партнер и, наместо тоа, да го споделите проблемот со некој близок или со терапевт и да се ослободите од товарот. Но, ако партнерот треба да ја знае информацијата, најдете време да разговарате со него на место и во ситуација што ќе бидат удобни за двајцата. Ако криете нешто од партнерот затоа што сте загрижени дека тоа што ќе го дознае ќе го вознемири и ќе направи да се почувствува изневерено, бидете подготвени за токму таква реакција. Најверојатно партнерот ќе има негативна и одбранбена реакција и ќе му треба време да го процесира тоа што ќе му го кажете. Поради тоа, бидете подготвени повторно да разговарате за тоа подоцна, доколку има потреба.

Бидејќи криењето нешто од партнерот може да влијае на вашата врска, но и на вашето здравје, подобро е да ја кажете тајната. Откако ќе кажете, ќе се чувствувате многу подобро и ќе можете да започнете да ја поправате вашата врска, доколку има потреба за тоа. Но, запомнете дека од вас зависи одлуката што е приватност, а што треба да споделите со партнерот. Слушајте го вашето тело и направете го вистинскиот избор.

Прочитајте какво е влијанието на хроничниот стрес врз секој дел од организмот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар