Трикови како да преговарате за повисока плата

Трикови како да преговарате за повисока плата

Го поминавте интервјуто за работа, работодавачот е задоволен со вас, но останува уште една ставка, а тоа е платата. Секогаш деликатна тема за разговор, веројатно и најнепријатната, каде што работодавачот секогаш се труди да помине подобро, а тоа значи дека вие добивате помалку пари. И вашата цел е да поминете подобро, па ако треба да преговарате за повисока плата, овие седум психолошки трикови ќе ви помогнат во тоа.

Трикови како да преговарате за повисока плата

1. Дозволете му на работодавачот прв да понуди

Додека работодавачот не спомне за тоа, не спомнувајте ни вие.

2. Не се распрашувајте многу за просечната плата

Веројатно имате информации за просечните плати во таа компанија уште пред да отидете на интервју. Секоја компанија има финансиски лимит што ќе го потроши за вас, а секогаш ќе ви понудат помалку, но ако вие ја спомнете највисока бројка што работодавачот ја има замислено, тогаш сте елиминирани. Поради тоа, бидете тивки и дискретни додека ја истражувате финансиската моќ на компанијата.

3. Подобро е да кажете приближна бројка, отколку директна цифра

Секогаш започнете со „би се согласил на плата помеѓу толку и толку“, отколку „нема да работам за помалку од таа сума“. Тоа остава подобар впечаток, имате основа за преговори, ќе ја видите реакцијата на работодавачот и сè уште сте во предност затоа што испраќате позитивни сигнали за продолжување на преговорите.

4. Кажете необичен и закружен број

Експертите откриваат дека е многу подобро да користите необични или непарни броеви, па кога вашиот работодавач ќе ве праша за колкава сума би се согласиле да работите, подобро речете 950 евра наместо 1.000 евра. Притоа, секогаш имајте го предвид бројот три.

5. Користете ја можноста за контрапонуда

Ако работодавачот ве праша дали би се согласиле со месечна плата од 1.000 евра, вие кажете 1.200. Но, оваа можност можете да ја искористите само еднаш. Ако тој во рече 1.100 евра, прифатете ја понудата.

6. Изгледајте возбудено, но не премногу

Треба да покажете ентузијазам и задоволство, но ако претерате, ќе изгледате како да сте излегле од екстремен очај. Работодавачот секогаш сака личност која е подготвена и сериозна во врска со намерите.

7. Секогаш кажувајте ја точната плата што сте ја земале на претходното работно место

Овие работи можат многу лесно да се проверат, а на никој не му е потребен лажго во работното опкружување. Освен тоа, сигурно не сакате да ја започнете новата работа со ставка „лажеше во биографијата“.

Бонус совет: Имајте доза на ароганција во ставот. Не е важно дали вашата плата ќе биде подобра, а вашата позиција полоша или обратно од претходното работно место – подгответе се однапред и секогаш директно кажувајте што сакате.

Погледнете која боја на облека треба да ја носите на интервју ако сакате да ја добиете работата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар