Како од шега: Едноставни совети преку кои ќе ја подобрите рамнотежата на вашето тело

Честопати не размислуваме за рамнотежата на нашето тело, но за таа да се постигне неопходно е хармонично да работат различните органи и рецептори. Сепак и ние самите можеме да влијаеме на нејзиното подобрување и со тоа значително да го унапредиме квалитетот на нашите животи.

Како од шега: Едноставни совети преку кои ќе ја подобрите рамнотежата на вашето тело

Најважниот орган за рамнотежа е увото, односно трите полукружни канали кои детектираат кружно движење, и двете комори (утрикул и сакул) кои реагираат на праволиниско движење.

Одржувањето на телесната рамнотежа ви го овозможува и сетилото за вид, бидејќи тоа ја одредува положбата на телото во просторот и промените на неговата позиција, рецепторите за допир кои ја забележуваат позицијата на телото во однос на подлогата и мускулестите и зглобните рецептори кои реагираат на движења на одредени делови од телото. Во текот на цело ова време, централниот нервен систем ги координира физичките активности кои одржуваат рамнотежа.

Кај луѓето со првично добра рамнотежа, кортексот на мозокот се активира веднаш штом ќе наидат на пречка што може да предизвика пад, а телото веднаш регистрира на тоа дека повеќе не е во исправена положба.

Невроните кои ја следат навигацијата, ориентацијата и планирањето на движењата, исто така, веднаш се активираат, испраќајќи порака до мускулите да реагираат и да преземат нешто за да не дојде до пад. За таква реакција, вашето тело има помеѓу 250 и 400 милисекунди.

За оние со добра рамнотежа, ова е доволно време да реагираат и да спречат какви било повреди, но за оние кои немаат добра рамнотежа, падот може да заврши со фрактури, па дури и со фатален исход.

Иако помеѓу 50 и 75% од вашата способност да одржувате рамнотежа зависи од генетиката, преостанатите проценти можете да се регулирате, без оглед на возраста. Ова може да се направи на бројни начини што нема да ни одземат многу време и може значително да го подобрат вашиот квалитет на живот. Експертите препорачуваат одредени начини на кои може да ја подобрите вашата рамнотежа.

На пример, може да ги правите овие работи:

Додека се возите со јавен превоз

Кога немате друг избор освен да влезете во воз или автобус, искористете ја таа прилика за да подобрите вашиот баланс. Застанете со малку подраширени нозе како да сурфате без да се држите за седиштата или држачите. Ова ги активира мускулите на нозете и задникот и помага во спречување на падот. Се разбира, ако имате здравствени проблеми, заобиколете ја оваа вежба во преполно возило.

Додека уживате во оброк

Дури и кога уживате во некој оброк, може да работите на унапредување на телесната рамнотежа, а бидејќи ова е нешто што задолжително го имате во текот на денот, не трошите ниту секунда од нашето време. Препорачливо е да седите што поблизу до масата додека јадете. Ова ќе ве натера да седите целосно исправени и да ги активирате стомачните мускули, кои за возврат стануваат посилни.

Додека гледате телевизија или работите на компјутер

Наместо да седите во омилената фотелја или стол додека ја гледате целата сезона од вашата омилена серија, обидете се да седите на топка за пилатес барем половина час. Следниот пат, зголемете ги овие 30 на 35 минути, додавајќи неколку минути секој нареден пат.

Кога нешто ќе ви падне

Кога ќе ви падне помал предмет за кој треба да се свиткате за да го земете, не клекнувајте и не го свиткувајте целиот ‘рбет. Наместо тоа, обидете се да го подигнете предметот стоејќи цврсто на едната нога додека другата ја кревате барем малку во воздухот, слично како да сте на час по балет.

Додека ги четкате забите

Се препорачува забите да се четкаат барем двапати на ден по три минути, со ќе имаме вкупно 6 минути за да вежбаме рамнотежа. Оваа активност е идеална за унапредување на нашата рамнотежа, а тоа можете да го постигнете со тоа што наизменично ќе стоите на едната нога, па на другата по три минути.

Можеби сакате да дознаете и зошто лошото држење на телото е штетно за здравјето и како да го поправите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар