Заморчиња: 5 причини зошто се најдобри љубимци за почетници

Заморчињата се убави мали бушави „топчиња“ кои никогаш не се досадуваат. Тие ги сакаат луѓето, уживаат во храната, а грижата за овие неодоливи глодари е многу едноставна. Ако планирате на вашето дете да му купите домашно милениче, заморчиња се совршен избор. Еве зошто.

Заморчиња: 5 причини зошто се најдобри љубимци за почетници

1. Карактерот на замрчињата

Заморчињата се едни од најдобрите миленичиња. Овие животинки се срамежливи и треба да се навикнат на човечкиот допир, и штом еднаш ќе бидат прифатени, тие стануваат љубимци на сите.

За разлика од зајаците кои доколку се почувствуваат загрозени без двоумење ќе се обидат да ве каснат, заморчињата скоро никогаш не покажуваат знаци на агресија. Ако не им се допаѓа вашето однесување, тие ќе ве предупредат со тивко предење или брзо ќе отидат во својата куќичка.

Тие сакаат да си играат и да уживаат во друштвото и вниманието и тоа ги прави вистински мали забавувачи. Ако немате многу време за да чувате друг миленик, добра е идејата да купите две заморчиња, кои ќе ве направат многу посреќни.

2. Начин на одржување

За да бидат здрави и среќни неопходно е да им обезбедите доволно голем простор. На заморчиња им треба само пластична, квадратна кутија, длабока од 15 до 20 сантиметри, бидејќи за разлика од зајаците, тие не се искачуваат и не скокаат.

Подлогата може да биде од дрвени струготини или синтетички влакна – кои може да се перат и повторно да се користат. Заморчињата се многу чисти животни, затоа треба да ги чистите само еднаш неделно.

Тие не треба да се четкаат (освен ако имаат долги влакна) или да се капат, а одењето кај ветеринар не е потребно особено доколку имате неколку животинки заедно, тие јадат и се многу весели.

3. Болести кај заморчињата

Заморчињата се, по природа, многу здрави животни што ако ги храните здраво и редовно го одржувате нивното живеалиште, тие ќе бидат среќни и ќе се забавуваат. Овие животни имаат просечен животен век од околу 7 години, но некои може да живеат и подолго.

За да ги заштитите од болести, важно е да ги чувате на место што не е изложено на провев. Иако може да се капат, тоа не се препорачува затоа што заморчињата може да добијат пневмонија или ако им влезе вода во ушите да добијат ушни инфекции.

4. Потребна опрема

Што се однесува до опремата, сè што ви треба е пластична кутија во која ќе живеат, куќичка во која ќе се сокријат и во која ќе спијат, сад со вода (не чинија) и сад за храна.

Ако сакате вашиот крзнен пријател да се забавува, направете му картонски тунел или мост. Овие симпатични животинки ја сакаат играта, па да може да ги извадите од нивото живеалиште и да ги ставите во импровизирана игротека каде можете да си играте со нив.

5. Исхрана на заморчињата

На заморчињата не им е потребно многу. Тие се вистински мали гурмани чија исхрана е многу разновидна. Овој мал глодар преку звукот што го испушта ќе ве извести дека е време да јаде. Сепак, треба да бидете умерени, затоа што овие слатки животни сакаат многу да грицкаат.

Главното мени на заморчињата (околу 80% од нивната дневна исхрана) се состои од сено, кое мора да го имаат постојано, во неограничени количини, како и готова дехидрирана храна (без житарки).

Што се однесува до свежата храна, на заморчињата секојдневно обезбедувајте им свежа вода и овошје (сите овошја кои имаат повеќе од една семка, како што се јаболка, круши, јагоди, портокали, мандарини, бобинки) и зеленчук (сите видови, освен житарки, мешунки и лут зеленчук како лук , ѓумбир, кромид и пиперки). Храната мора да биде измиена, свежа и сува.

Можеби сакате да дознаете и кои се неверојатните придобивки од чување птица како домашен миленик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар