Како да ја победите главоболката со помош на масажа со крпа?

Како да ја победите главоболката со помош на масажа со крпа?

Многу работи се предизвикувач на главоболки. Понекогаш, тоа се заморот и несоницата, претерувањето со алкохолот, дехидрираноста, многуте обврски, стресот или хормоналната нерамнотежа. Не се препорачува често земање лекови против болки, па затоа е најдобро да пробате некое природно решение за главоболка, како што е масажата.

Како да ја победите главоболката со помош на масажа со крпа?

Масажата со крпа влијае на циркулацијата на крвта во пределот на главата и на вратот, што во повеќето случаи помага да се отстранат напнатоста и болката. Освен тоа, масажата на главата е многу релаксирачка, па затоа е добар начин да се ослободите од мислите што ве оптоваруваат.

Масажата со крпи може да биде решение за главоболката

Можете сами да направите терапевтска масажа на главата со крпа или да побарате некој да ви помогне. За почеток, најдете крпа со средна големина и дебелина (најдобро е да користите крпа за раце). Виткајте ја дијагонално, така што ќе добиете цврст валјак и ставете го под тилот додека сте во седечка положба. Држете го затегнат зад главата, користејќи ги двете раце. Потоа, движете ја крпата од главата надолу, преку вратот до рамената. Направете го тоа ритмички и интензивно за да ја забрзате циркулацијата.

Масирајте ја областа неколку минути, а стимулацијата ќе биде доволна за да ја ублажите главоболката. Ако болката не поминува, направете пауза од 10 минути и повторете ја постапката. Масажата со крпа го релаксира пределот на главата и на вратот, помага за ослободување на грчевите и позитивно влијае на приклештените прешлени во пределот на вратот.

Во случај на силна главоболка, масажата на главата треба да се комбинира со дополнителна терапија, со чаша чај од нане, што ќе влијае на проширување на крвните садови. Ако главоболките ви се чести, многу изразени или придружени со вртоглавица и гадење, задолжително посетете лекар.

Погледнете ги и овие 8 техники за масирање што ја ублажуваат главоболката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар