Како да го искористите клима-уредот за пријатен мирис во целиот дом?

Како да го искористите клима-уредот за пријатен мирис во целиот дом?

Топлите денови се незамисливи без клима-уред. Тие ги разладуваат просториите, овозможувајќи ви полесно да ги завршите вашите дневни активности, а спиењето да трае подолго и без прекини. Но, покрај тоа што клима-уредот го лади воздух, тој исто така може да го прочисти и да мириса поубаво во просторијата.

Како да го искористите клима-уредот за пријатен мирис во целиот дом?

За да може просторот во кој престојувате во текот на летните месеци да биде исполнет со пријатен мирис и без мирисливи свеќи или електрични уреди, можете да го искористите клима-уредот. Постапката е многу едноставна – ви треба парче хартиена крпа и етерично масло.

Под крилото низ кое струи ладниот воздух, со помош на самолеплива лента, залепете парче хартиена крпа на која претходно ќе капнете од вашето омилено етерично масло. На тој начин, мирисливите ноти ќе се рашират низ целата просторија.

Можете да изберете мирис по ваша желба, но ако сакате да имате опуштена атмосфера, изберете етерично масло од лаванда. Еукалиптусот и пеперминтотот го прочистуваат воздухот, а цитрусното масло и маслото од рози ќе ви го подобрат расположението.

Погледнете кои 15 неочигледни знаци откриваат дека вашиот дом е чист.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар