Недостатокот на овие 4 витамини предизвикува несоница

Недостатокот на овие 4 витамини предизвикува несоница

Спиењето е клучно за вашето физичко и ментално здравје, но многу фактори, внатрешни и надворешни, може да влијаат на квалитетот на вашиот сон. Еден од тие фактори се и витамините. Веројатно не сте знаеле дека недостатокот на витамини и на минерали може да предизвика несоница и дека врската помеѓу витамините и спиењето е комплицирана. На организмот му треба широк спектар на витамини и минерали за да функционира правилно, а недостатокот доведува до појава на разни симптоми, вклучувајќи и неквалитетен сон.

Недостатокот на овие 4 витамини предизвикува несоница

1. Витамин Д

Недостатокот на витамин Д е генерално поврзан со недостаток на сончева светлина. Ако имате ниско ниво на витамин Д, може да се појават нарушувања на сонот. Нерамномерното ниво на витамин Д, вклучувајќи ги и хиповитаминозата и хипервитаминозата, се поврзани со проблемите со спиењето. Ако имате премногу витамин Д во организмот, ќе се чувствувате поспано во текот на денот. Според истражувањата, колку помалку витамин Д имате во организмот, толку полошо спиете.

Ако сакате да се борите против недостатокот на витамин Д, треба да јадете мрсна риба, да земате додатоци во исхраната и да бидете изложени на сончева светлина.

2. Витамин Б12

Врската помеѓу нарушувањата во спиењето и витаминот Б12 сè уште се истражува. Причината за таа поврзаност може да има врска со депресијата, чиј симптом може да бидат проблемите со спиењето. Недостатокот на витамин Б12 може да доведе до појава на симптоми на депресија. Ако постојано се чувствувате нерасположени, најдобро е да го посетите вашиот лекар, особено ако сте веган или вегетаријанец.

3. Магнезиум

Магнезиумот придонесува за регулирање на циркадијанскиот ритам, односно на природниот циклус на спиење и будење. Истражувањата покажуваат дека магнезиумот ги опушта мускулите и го поттикнува длабокиот сон. Магнезиумот му помага на вашиот мозок да произведува мелатонин и невротрансмитер наречен ГАБА (GABA), а тие придонесуваат да се чувствувате поспано ноќе.

Ако сакате да го подигнете нивото на магнезиум во организмот, јадете повеќе лиснат зеленчук, мешунки, јаткасти плодови, млеко и јогурт.

4. Железо

Недостатокот на железо, инаку познат како анемија, може да предизвика мноштво симптоми, но поврзаноста со проблемите со спиењето е најинтригантна: анемијата ве прави повеќе склони кон синдромот на немирни нозе, состојба во која несвесно ги движите екстремитетите во текот на ноќта, предизвикувајќи нарушување на спиењето. Колку е пониско нивото на железо, толку е поголема веројатноста да имате немирни нозе и неквалитетен сон.

Ако немате доволно железо, вашето тело не може да создава аминокиселина наречена триптофан, која е потребна за создавање мелатонин и серотонин. Серотонинот влијае на вашето расположение, сознание и однесување, додека мелатонинот влијае на вашиот циклус на спиење. Серотонинот е неопходен за квалитетен сон, а без железо, целиот овој ланец се прекинува.

Ако сакате да го зголемите нивото на железо во организмот, треба да јадете храна богата со железо како црвено месо и спанаќ.

Прочитајте со кои 8 знаци телото ви кажува дека ви се потребни повеќе витамини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар