Интересни идеи за новогодишни подароци што ќе го израдуваат секое дете

Интересни идеи за новогодишни подароци што ќе го израдуваат секое дете

Празниците се ближат, а со нив и размислувањето за идеалниот подарок за вашето дете. Сите знаеме дека децата се најзаинтересирани за играчките, а често тие играчки немаат посебна функција и ќе им станат здодевни по неколку дена, а скапиот предмет ќе собира прашина во аголот од детската соба. Од таа причина, треба добро да размислите што да му купите на детето и да изберете подарок што ќе му биде интересен, но исто така корисен за развојот на социјалните вештини, когнитивните способности и емоционалната интелигенција. Во продолжение ќе најдете предлози за интересни подароци за деца од сите возрасти и со различни интереси.

Интересни идеи за новогодишни подароци што ќе го израдуваат секое дете

1. Книгите се многу позначајни отколку што мислите

Книгите за деца се секогаш корисни како идеја за подароци за различни пригоди, а она што се наоѓа помеѓу двете корици ќе го запознае вашето дете со магичниот свет на имагинацијата. Додека детето ја чита книгата или додека му ја читате, тоа ја замислува ситуацијата и се обидува да ги разбере постапките на ликовите.

На тој начин се забрзува развојот на интелигенцијата, креативноста и имагинацијата кај децата, но и емпатијата и емоционалната интелигенција. Исто така, книгите ќе му помогнат на детето да стане свесно за некои емоции и да ги разбере ситуациите што му се случуваат. Исто така, со читањето се развиваат вниманието и концентрацијата и постои можност да се научат нови концепти и зборови.

Ако сметате дека е рано да му читате книги на вашето дете пред 2-3 години, не сте во право. Може да му читате книги од најраниот период и на тој начин ќе развиете блискост со него.

Ако му читате книга на детето, секогаш разговарајте со него откако ќе го прочитате текстот бидејќи на тој начин ќе му помогнете да ја разбере пораката на текстот или постапките на ликовите. Од еден прочитан текст, можат да произлезат многу различни активности, како што се: осмислување различен крај на приказната, правење куклена претстава врз основа на текстот, правење стрип, цртеж итн.

Ако вашето дете одбие книга како подарок, не го присилувајте да ја чита бидејќи на тој начин ќе развиете негативен став кон книгите. Она што треба да направите е да ја оставите книгата на видливо место, да направите агол за читање и да се обидете индиректно да го заинтересирате за книгите. Исто така, знаете дека децата најдобро учат по модел, па ако не ве видат со книга во рака, тешко дека ќе ја земат.

2. Дидактичките играчки се идеални за развој на логички способности

Дидактичките играчки се оние на кои подучуваат. Дидактиката е педагошка дисциплина која се занимава со подобрување на развојно-образовниот процес, а дидактичките игри се само еден од начините за подобрување на развојот.

Овие играчки ќе го привлечат вниманието на вашето дете со својот атрактивен изглед и ќе го задржат со многубројните можности. Една од важните карактеристики на дидактичките играчки е мултифункционалноста, така што детето може повторно да игра со една играчка. Се разбира, не сите дидактички играчки ја имаат оваа одлика, а некои се користат со цел разбирање на големини, бои, простори, различни форми итн.

Примери за дидактички играчки се кули или прстени кои децата ги составуваат од најмали до најголеми. Овие играчки се наменети за најмалите деца и ги охрабруваат да се концентрираат на проблемот и да се обидат да најдат логично решение. Исто така, тие помагаат во развојот на фината моторика, што е многу важна за развојот на детето. Имено, развојот на фината моторика го зголемува бројот на синапси во мозокот на детето кои се одговорни за развојот на интелигенција.

3. Подарете му искуство

Новата година е идеално време да го воодушевите вашето дете со необичен подарок, како што е одење во кино или театар, интересно викенд-патување, обиколка на интересен музеј, лизгање и слично.

Овде е важно да го познавате вашето дете и да изберете нешто што долго го чекало и на тој начин особено да го изненадите. Исто така, можете да го запишете да тренира некој спорт што би сакал да го вежба одамна и да му ја купите потребната опрема.

Прочитајте како да реагирате кога вашето дете ќе ве праша дали постои Дедо Мраз.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар