Како да реагирате кога вашето дете ќе ве праша дали постои Дедо Мраз?

Како да реагирате кога вашето дете ќе ве праша дали постои Дедо Мраз?

Купувате божиќни подароци, правите колачи, ја украсувате елката, гледате божиќни филмови, а потоа, како гром од ведро небо, вашето дете ја изговара реченицата: „Дедо Мраз не постои, нели?“ Што да направите во таа ситуација за да помине колку што е можно побрзо и побезболно?

Како да реагирате кога вашето дете ќе ве праша дали постои Дедо Мраз?

1. Прашајте го детето зошто мисли така

Прашајте го вашето дете зошто мисли дека Дедо Мраз не е вистински. Обидете се да откриете дали оваа информација му е од градинка или од училиште, дали е кажана од некој од постарите браќа или сестри и слично. Само тогаш ќе ја знаете позадината на целата приказна и ќе знаете како соодветно да реагирате. Поставувајте отворени прашања за кои е потребно повеќе од позитивен или негативен одговор и дајте му на детето шанса да се изрази.

2. Дајте му до знаење дека ги разбирате неговите емоции

Сознанието дека не постои Дедо Мраз со кој детето има воспоставено позитивни емоции, радост, возбуда и среќа, може да му падне многу тешко. Треба да му дадете време да ги обработи новите емоции што ги доживеало бидејќи извесно време може да биде тажно, разочарано, повредено, па дури и луто. Дозволете му да го изрази тоа, но исто така кажете му дека сте тука ако има какви било прашања.

Прашајте го како се чувствува. Не наметнувајте му емоции за кои мислите дека треба да има, туку само разговарајте и оставете го да ви одговара. Детето мора да знае дека е безбедно во вашата околина и дека може да ги изрази своите емоции, без разлика какви се. Бидете сигурни дека фокусот е насочен кон искреност, поврзаност и сочувство. Само тогаш разговорот ќе заврши позитивно за обете страни.

3. Изменете ја божиќната традиција

Ситуацијата во која детето сфаќа дека Дедо Мраз не постои, не мора да биде негативна за него. Тоа може да биде добра можност да ја претворите во започнување нова традиција. Ако досега секоја година детето имаше напишано писмо до Дедо Мраз, сега можете да го замените со пишување писмо до драг пријател. Исто така, можете да направите новогодишни честитки заедно и да им ги испратите на најблиските. Ако досега сте печеле колачиња што можеби сте ги оставиле во близина на елката за Дедо Мраз, заменете го тоа со печење колачиња за соседите или пријателите.

4. Објаснете му ја суштината на Божиќ

Во зависност од возраста на детето, обидете се да му објасните која е суштината на Божиќ. Секако дека подароците им се важни и тие не можат целосно да ја разберат христијанската позадина на целата приказна, но можат да разберат зошто е важно да бидеме љубезни едни со други за време на празниците, зошто треба да им помагаме на оние што имаат помалку од нас, зошто е добро да им помагаме на бездомните животните или зошто треба да им ги однесеме вишокот играчки или храна на оние што немаат.

Научете го вашето дете за важноста на љубезноста, емпатијата и заемната помош. На крајот на краиштата, децата ќе ги запомнат само таквите работи откако ќе пораснат, а не дали ги чекал најновиот модел на мобилен телефон или брендирана облека под елката.

Во сите овие чекори, имајте ја предвид возраста на детето и обидете се да ја разгледате целата ситуација од таа перспектива. Најлесен начин да го направите ова е да се ставите во кожата на вашето дете, односно да се сетите на таа возраст.

Прочитајте го овој генијален начин на кој оваа мајка им открила на своите деца дека Дедо Мраз не постои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар