Глоксинија - цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин

Глоксинија – цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин

Глоксинија (Sinningia speciosa) е растение по потекло од Бразил, кое сега се одгледува низ целиот свет како домашно растение. Расте од 15 до 30 сантиметри во висина, а нејзините цветови во форма на ѕвонче се опкружени со привлечни лисја со нежна и кадифена текстура.

Глоксинија - цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин

Периодот на цветање се карактеризира со богатство и разновидност на бои – нејзинитецветови може да бидат сини, виолетови, розови, бели… Глоксинијата не бара многу внимание, но треба да ѝ обезбедите неколку услови. Ставете ја на многу светло место, но не на директна сончева светлина. Најдобро е да стои до прозорецот, но надвор од дофатот на сончевите зраци.

Идеална температура за глоксинијата е од 16 до 24 Целзиусови степени.

Што се однесува до наводнувањето, наводнувајте ја глоксинијата доволно често за почвата да биде влажна, но не претерувајте. На крајот на сезоната на цветање (во октомври), полека намалете го наводнувањето и потоа прекинете го целосно кога ќе изумрат лисјата. Оставете го растението да хибернира во потемна и посвежа просторија, на температури од 10 до 15 Целзиусови степени. Во февруари или март, повторно започнете со наводнување и ставете го растението во посветла и потопла просторија.

Од март до септември, на глоксинијата ѝ треба ѓубриво што ќе обезбеди цветање во текот на целиот овој период. Додавајте му ѓубриво на растението приближно на секои две недели.

Глоксинија - цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин

Глоксинија - цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин

Глоксинија - цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин

Глоксинија - цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин

Глоксинија - цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин

Погледнете ја оваа точкеста бегонија што ќе ве освои на прв поглед.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар