Есенска инспирација: Како да ги комбинирате дуксерите во склад со вашиот стил?

Ако најважна ви е удобноста, тогаш дуксерите се совршениот избор за вас за претстојната сезона. Тие не се одлични за носење само додека се одморате во вашиот дом. Нема потреба да ги ограничувате вашите модни комбинации за на работа или факултет со јакни и монотони сакоа. Ова парче облека одамна стана дел од секојдневниот изглед и можете да го комбинирате на безброј начини со здолништа, фармерки, панталони и тексас елементи. Уличниот стил на познатите дами, како Џенифер Лопез и Пенелопе Круз, може да ви покаже како да го комбинирате ова удобно парче облека во склад со вашиот стил, без разлика дали е спортски, елегантен, ретро или пак рокерски.

1. Џенифер Лопез

Есенска инспирација: Како да ги комбинирате дуксерите во склад со вашиот стил?

Одлична комбинација за дамите со спортско-елегантен стил. Ако одберете еднобоен дуксер, панталоните можат да бидат и шарени.

2. Пенелопе Круз

Есенска инспирација: Како да ги комбинирате дуксерите во склад со вашиот стил?

Едноставниот бел дуксер може да изгледа навистина шик и елегантно. Бидејќи дуксерот е во една боја, одлично стои со панталоните со линии.

3. Џиџи Хадид

Есенска инспирација: Како да ги комбинирате дуксерите во склад со вашиот стил?

Младата манекенка докажа дека дуксерите одлично стојат и со фармерки. Нејзиниот ретро младешки изглед е одличен за почетокот на новата учебна година.

4. Гвен Стефани

Есенска инспирација: Како да ги комбинирате дуксерите во склад со вашиот стил?

Младешкиот дуксер изгледа одлично со фармерки и јак кармин без кој Гвен не го напушта нејзиниот дом.

5. Џоан Смолс

Есенска инспирација: Како да ги комбинирате дуксерите во склад со вашиот стил?

Манекенката Џоан направила слична комбинација како и Гвен Стефани, само со пуштена коса и жолти очила за сонце.

6. Алесандра Амбросио

Есенска инспирација: Како да ги комбинирате дуксерите во склад со вашиот стил?

Бразилската манекенка ја пронашла совршената рамнотежа помеѓу елегантниот и рок стилот. Одлично го комбинирала црниот дуксер со елегантно бело здолниште и црна чанта.

Пробајте ги и овие лежерни викенд комбинации за сите пригоди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар