Најголемата камера од 1900-та година што тежела 635 килограми

За да ви стане јасно колку всушност напреднала технологијата на фотографирањето изминативе 100 години, само погледнете ја огромната камера од 1900-та година користена за фотографирање на воз.

Најголемата камера од 1900-та што тежела 635 килограми

Како што можеме да заклучиме од историјата на камерата, не било отсекогаш едноставно да излезете и да направите фотографија. Па, кога компанијата „Chicago & Alton“ направила нов воз во 1899-та година, им била потребна нова технологија за да го фотографираат.

Бидејќи кај возот сакале да го истакнат неговиот симетричен дизајн, тие сметале дека една панорамска фотографија би бил најдобриот начин да ја прикажат целата негова убавина. Фотографот на компанијата Џорџ Р. Лоренс верувал дека најдобриот начин да се постигне овој резултат е да се фотографираат одделни делови, а потоа да се спојат додека се печатат фотографиите. Но, оваа техника давала искривен резултат, па сметајќи дека технологијата е доволно напредна одлучиле да пробаат да користат една лента за фотографијата.

Најголемата камера од 1900-та што тежела 635 килограми

Замислете, за да ја добие посакуваната фотографија со должина од 2,4 метри, Лоренс требало да употреби лента 3 пати поголема од оние што ги користел претходно. Но, тој сакал да ја заврши работата и решил да ја изгради најголемата камера на светот. Па така, по два и пол месеци, во Чикаго настанала камерата тешка 635 килограми.

За да се фокусира со овој џин, зад камерата биле поставени две леќи на шини кои се движеле напред-назад. Делот од камерата што изгледа како хармоника бил поделен на 4 делови и бил сместен на мали тркала на шина. Леќите биле најголемите што биле направени дотогаш и за управување на камерата биле потребни 15 работници.

Најголемата камера од 1900-та што тежела 635 килограми

И самото пренесување на камерата од Чикаго било вистинска авантура. Расклопената камера била товарена во кочија, потоа на воз, и на крајот била составена на местото на фотографирање. Крајниот резултат покажал дека трудот не бил залуден и денес фотографиите се чуваат во Историското здружение на Индијана.

По некое време, фотографиите од „Најзгодниот воз на светот“ биле изложени и во Париз. Резултатите биле толку неверојатни што надлежните во компанијата требало да потпишат изјави за да може фотографијата да биде наречена како најголема во светот. На крај, Лоренс добил и награда за неговото дело.

Дали ги имате видено овие ретки фотографии од минатото?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар