Домашен вкусен чипс

Домашен вкусен чипс

Крцкав чипс кој сите ќе го сакаат

Домашен вкусен чипс

Потребни состојки:
  • 2 средни или 1 голем компир
  • 50 мл маслиново масло
  • 4 чешниња лук, ситно сечкани
  • масло за пржење
  • сол
Начин на подготовка:

На ренде (мандолина) исечкајте го компирот на најтенки крукчиња што можете. Измијте ги крукчињата во ладна вода и потоа исушете ги врз хартиена крпа.

Во мало тенџере загрејте го маслиновото масло на ниска температура и во него сипете го исечканиот лук. Пропржете 5 минути додека лукот не пушти мирис. Потоа ставете го маслото во блендер и убаво измешајте.

Во тавче сипете масло за пржење и оставете го да се загрее. Потоа во него наредете по неколку крукчиња од компирот и превртувајте ги додека не добиете убав крцкав чипс. Откако ќе ги извадите од зејтинот, со четкичка намачкајте ги со маслиновото масло и послужете ги топли.

Домашен вкусен чипс

Доколку не сакате да го премачкувате чипсот со сосот од маслиновото масло и лук, тогаш подгответе си некој од овие сосови и уживате во вашиот домашен чипс.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.