Домашен сладолед од чоколадо без јајца

Како што се приближуваат топлите денови, така доаѓа и вистинското време за сладолед. Иако има различни вкусови во слаткарниците и супермаркетите, најдобар сладолед е домашниот. Затоа пробајте го овој брз рецепт за домашен сладолед од чоколадо за кој не ви требаат јајца.

Домашен сладолед од чоколадо без јајца

Потребни состојки:

  • 200 г црно чоколадо за готвење
  • 250 милилитри млеко
  • 2 кисели павлаки
  • 50 грама шеќер
  • 1 ќесичка ванила
  • 1 лажичка какао
  • декорација: сецкано чоколадо, јагоди

Начин на подготовка:

1. Насечкајте го чоколадото, па изблендирајте го. Потоа измешајте го млекото со какаото, шеќерот и ванилата и додајте ги во чоколадото. Блендирајте ги сите состојки заедно.

2. Додајте ја киселата павлака и блендирајте сѐ додека не добиете хомогена смеса.

3. Добиената смеса ставете ја во пластичен сад, а потоа во замрзнувачот.

4. Кога смесата ќе биде малку стврдната, измешајте ја со виљушка (или со миксер ако сакате вашиот сладолед да биде кремаст).

5. Вратете ја пак во замрзнувачот, но промешувајте ја неколку пати на секој половина час.

Совети:

1. Ако користите машина за сладолед, прескокнете го петтиот чекор и следете ги упатствата на машината.

2. Можете да го направите сладоледот претходната вечер за да биде добро замрзнат следното утро, па ако малку отстои на собна температура ќе можете лесно да го обликувате во топчиња.

3. Сервирајте со сечкано црно чоколадо и јагоди.

Пробајте различни варијанти и уживајте!

Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за тарт со јагоди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар