Овој освежителен тарт со јагоди е совршен пролетен десерт

Нема ништо подобро да ве потсетува на пролетта отколку овој лесен и освежувачки тарт со јагоди!

Овој освежителен тарт со јагоди е совршен пролетен десерт

Станува збор за совршено тесто наполнето со крем сирење со малку лимон и освежителен допир од вкусните јагоди. Засукајте ги ракавите и подгответе го овој десерт затоа што рецептот е толку добар, па пред да дојде летото ќе го направите неколкупати!

Потребни состојки за тестото:

  •     250 г брашно
  •     150 г путер
  •     50 г шеќер
  •     2 лажици павлака
  •     сок од половина лимон

Потребни состојки за филот:

  •     120 г слатка павлака
  •     230 г крем сирење
  •     100 г шеќер
  •     сок и кора од 1 лимон
  •     1 лажичка екстракт од ванила
  •     јагоди за украсување

Начин на подготовка:

Подготовка на тестото:

  1. Ставете го брашното на работната површина, додајте го путерот издробен на коцки и направете ронливо тесто со прстите.
  2. Додадете го шеќерот, кремот и изрендајте кора од лимон и замесете мазно тесто.
  3. Ставете го во фрижидер половина час, а потоа расукајте кора.
  4. Пред печење, нежно избуцкајте го тестото со вилушка на неколку места, нанесете го во модла за тарт и испечете го во рерната на 160 ᵒС.
  5. Откако ќе се испече, извадете го и оставете да се излади на собна температура.

Подготовка на филот:

  1. Во голем сад изматете ја слатката павлака.
  2. Во друг голем сад, изматете ги заедно крем сирењето и шеќерот додека не се добие мазна смеса.
  3. Додајте сок од лимон, рендана кора од лимон и екстракт од ванила.
  4. Промешајте додека не се соединат сите состојки. Добиениот шлаг додадете во во другата смеса, па измешајте со лажица или шпатула и додајте го во претходно изладениот тарт.
  5. Израмнете ја смесата рамномерно низ целата површина.

Начин на украсување:

  1. Исечкајте јагоди на поголеми парчиња и наредете ги во круг околу горниот дел на колачот, сè додека не стигнете до средина.
  2. Тартот ставете го фрижидер и оставете го да се олади околу 2 часа.

Добар апетит!

Можеби сакате да го прочитате и овој наједноставен рецепт за колачиња на судбината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар