Петунија: Убавицата на балконот која лесно се одгледува

Со доаѓањето на топлото време и повисоките температури, среќните луѓе со балкони и дворови полека го пијат своето утринско кафе уживајќи во природата.

Петунија: Убавица на балконот која лесно се одгледува

Прекрасните растенија даваат дополнителниот шарм за уживање на балконот или во дворот, а она цвеќе што совршено ќе се вклопи во вашиот отворен простор е петунијата.

Станува збор за неодоливо цвеќе во повеќе бои што можете да ги засадите во црепови или во земја.

Голема предност на петунијата е тоа што цвета на балкони кои немаат доволно сонце, а не треба да бидете преголем експерт за цвеќиња за да се грижите за оваа убавица.

Дополнителна придобивка од петунијата се евтините садници што можете да ги купите за помалку од 30 денари. Откако ќе ги донесете во вашиот дом, пресадете ги во големи црепови за да имаат простор за растење.

Кога станува збор за наводнувањето, треба да бидат редовно полевани, но немојте да претерувате и проверете дали почвата е сува пред да додадете вода.

Можеби сакате да прочитате и за кралскиот цвет кој го смирува умот и треба да го засадите во дворот или градината!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар