Дали сте емоционално зависни?

Дали кога сте во врска и кога јасно сте ги кажале вашите потреби на партнерот, надевањето дека ќе ги исполни ветувањата за тие потреби е знак за емоционална зависност? Одговорот зависи од тоа за кои потреби станува збор. Постојат некои потреби коишто можат да ги исполнат само други луѓе, а постојат и потреби кои треба да ги исполните самите.

Дали сте емоционално зависни?

„Потреби“ кои се знак за емоционална зависност

  • Потребно ми е твоето внимание.
  • Потребно ми е твоето признание.
  • Треба да имаме секс кога јас сакам.
  • Треба да направиш да се чувствувам сакано и вредно.
  • Треба да направиш да се чувствувам безбедно.
  • Треба да направиш да се чувствувам важно.
  • Треба да ја исполниш мојата празнина.
  • Треба да направиш да се чувствувам посебно.
  • Твоја задача е да ме направиш среќен/на.

Овие „потреби“ потекнуваат од напуштање. Кога не си ја давате љубовта, вниманието и признанието коишто ви е потребни и не ја дефинирате вашата вредност, тогаш можеби ви е потребно некој друг да направи да се чувствувате дека сте во ред. Кога не сте поврзани со вашите чувства и вашиот личен извор на духовно водство, кога премногу се критикувате, или кога ги избегнувате вашите чувства ќе се чувствувате празно и ќе имате потреба од други луѓе.

Потреби кои можат да ги исполнат само други луѓе

  • Кога преземате одговорност за себе и кога се исполнувате со љубов, тогаш имате и љубов за споделување. Потребна ви е друг личност за да ја споделите оваа љубов.
  • Една од нашите примарни потреби е поврзувањето со други. Но, не можете да се поврзете со некој друг ако не сте поврзани со вашите срце и душа и со вашиот внатрешен духовен водич. Иако можете да се поврзете интелектуално со умот, емоционалната конекција доаѓа само од срцето и душата. Без емоционална поврзаност со партнерот, семејството и пријателите може да се чувствувате навистина осамено. Повеќето од нас имаат потреба од допир и внимание, а ова е сосема различно од секс. Додека вниманието и поврзаноста често водат до водење љубов, допирот без сексуална намера е навистина важен за поврзаноста.
  • Потребни ви се другите со кои можете да учите и да созревате. Можете да созреете сами, и тоа многу. Но подлабокото учење и созревање се случува во безбедна врска со личност која е сочувствителна и отворена за нови знаења.
  • Потребно е да знаете дека барем една личност е овде за вас. Потребна ви е барем една личност за која знаете дека ќе ви помогне кога има потреба од тоа.
  • Потребна ви е и забава со другите. Поради ова ви требаат луѓе кои можат да поминуваат време со вас.

Важно е да знаете дека другата личност нема никогаш да ве повреди физички или емоционално. Потребно е да се чувствувате безбедно и да знаете дека таа личност ви го мисли најдоброто и дека е искрена со вас.

Постојат потреби и барања кон вашиот партнер кои не се знак за емоционална зависност. Имате потреба партнерот да поминува време со вас, да споделува љубов и да се поврзи со вас со срцето и духот. Треба да биде отворен кон учење и заедничко созревање, како и кон заедничка забава. Потребно е да биде искрен со вас и да се грижи за ефектот на неговото однесување на вас. Потребно е да знаете дека е секогаш овде за вас и дека ве поддржува во сè.

За разлика од првата листа, ова се навистина поразлични потреби. Кога се поврзуваме со себе и се грижиме за себе, можеме да почувствуваме дали другата личност е способна за љубов, поврзување, грижа, сочувство и искреност. Овие квалитети или се овде или не. Никој не може да ви „вети“ дека ќе ви ги даде овие нешта.

Па, обрнете внимание на првата листа и осигурете се дека можете да си ги пружите тие потреби. Дури тогаш ќе бидете во позиција да ги споделите нештата од втората листа со некого.

Знаете ли што се случува кога ги криете вашите вистински емоции?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар