Научниците пронашле езеро со течна вода на Марс

Научниците пронашле езеро со течна вода на Марс

Изгледа дека на Марс постои вистинско езеро. Досега ни беше познато дека течната вода се формира наизменично на површината на Марс, но откритието за постоењето на езеро ги отвора вратите за многу нови откритија, како на пример доказ дека не сме сами во универзумот.

Научниците пронашле езеро со течна вода на Марс

Користејќи го MARSIS, напредниот радар за подповршинско скенирање и скенирање на јоносферата, биле направени 29 скенирања помеѓу мај 2012-та и декември 2015-та година. Истражувачите откриле дека најверојатно под мразот на Марс се наоѓа езеро со широчина од 20 километри. Не може да се одреди точната големина на езерото но Роберто Оросеи, професор на Италијанскиот национален институт за астрофизика изјавил дека неговиот тим смета дека езерото е длабоко барем еден метар.

„Оваа длабочина го класифицира овој пронајдок како тело вода. Како езеро, а не растопена вода што го исполнува просторот помеѓу карпите и мразот.“ – Роберто Оросеи

Она што е уште поинтересно е што истражувачите не мислат дека ова е единственото вакво водно тело на Марс. Бидејќи MARSIS може да детектира само простори со течност кои се со дијаметар од неколку километри и дебели неколку десетици центиметри, присуството на вода под површината на Марс не мора да е ограничено на едно место.

Причината што научниците сметаа дека овие езера на Марс не се возможни е тоа што Марс е ладна планета уште од нејзиното формирање, со тоа претворајќи ја речиси целата вода во мраз.

Но водата на Марс е подповршинска, а ова може да биде добар знак за потенцијален живот на црвената планета. Долго се знае дека површината на Марс е ненаселива, па потрагата за живот сега се префрла под површината.

Потенцијалните организми кои би живееле под земја би биле заштитени од радијација и би имале попогодни услови, како атмосферски притисок и температура. Покрај тоа, постои и течна вода, нешто што е клучно за живот за животинските форми кои нам ни се познати.

Сепак, ова не значи дека сме поблиску до откривање на живот надвор во универзумот. Она што ни го дава откривањето на езерото е локација за каде да се бара потенцијалниот живот. Езерото е како мапа за богатство.

Оросеи и неговиот тим можеби го пронашле местото каде што има живот. Се разбира, повторни се многу експерименти и проверувања, па можеби нема да добиеме конкретен одговор со години. Дотогаш, можеме да се надеваме дека животот на други планети сепак постои, можеби дури и на Марс.

Бидејќи во тек е и подготовката за колонизација на Марс, погледнете што знаеме досега за овој неверојатен подвиг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар