Брутално искрен знак за невакцинирање на децата создаде турбуленции ширум светот

Австралијанската докторка Рејчел Хип стана светски позната преку ноќ. Таа со години зборува за важноста на вакцинирањето на децата, и нејзините зборови допираат до голем број луѓе. Но, ништо не може да се спореди со ефектот што го предизвика урамениот цитат од оваа докторка во сосема друга лекарска ординација во Колорадо.

Сè започна кога пациентката Мараја забележала знак во ординацијата на нејзиниот доктор, кој почнува со насловот: „Со тоа што не ги вакцинирате вашите деца, вие ги правите ранливи на болести во текот на целиот нивен живот.“ Знакот продолжува со серија тешки прашања како: „Што ќе му кажете на синот кога ќе ве извести дека не може да има деца затоа што добил заушки како тинејџер?“ Мараја направила фотографија од овој знак и го објавила на Фејсбук каде што покренала дискусија што надминала 4,8 илјадни коментари и 191 илјада респоделувања.

Д-р Хип изјавила дека била фрустрирана и емоционална кога ја напишала оваа објава, но сепак ѝ дала дозвола на ординацијата да ја испечати. Со оглед на тоа што постојано расте бројот на оние што одбиваат да ги вакцинираат своите деца, многу доктори ширум светот се обидуваат да се борат против дезинформациите и недоразбирањата за вакцините. Токму затоа е и важно да им се обрнува внимание на овие објави!

Со тоа што не ги вакцинирате вашите деца, вие ги правите ранливи на болести во текот на целиот нивен живот

Кога вашата ќерка ќе заболи од рубеола додека е бремена, како ќе ѝ објасните дека сте одбрале да ја оставите на ризик?

Што ќе кажете кога таа ќе ви се јави и ќе ви каже дека има рак на грлото на матката, само затоа што сте одлучиле дека нема да ѝ треба вакцина за ХПВ?

Што ќе му кажете на синот кога ќе ве извести дека не може да има деца затоа што добил заушки како тинејџер?

И што ќе кажете кога ќе ѝ пренесе грип на неговата баба? Како ќе му објасните дека нема да се врати од болница? Никогаш.

Дали им кажувате дека не сте верувале во сериозноста на овие болести? Дека сте мислеле дека вашата органска, домашно подготвена храна е доволна за да ги заштити?

Дали кажувате извини?

Што мислите вие на оваа тема? Дали сте за или против вакцинирање на децата и зошто сте го одбрале толку тој став? Прочитајте ги и 6-те најголеми митови за вакцините, како и зошто сите тие се невистинити!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар