Дали вакцините предизвикуваат аутизам? 6-те најголеми митови и зошто сите тие се невистинити!

Дали вакцините предизвикуваат аутизам? 6-те најголеми митови и зошто сите тие се невистинити!

Неодамнешни истражувања покажуваат дека бројот на вакцинирани деца значително опаднал ширум светот. Причината за ова е популарната дебата за вакцините. Од научна гледна точка, не треба ни да има дебата, но одредени теории не им дозволуваат на луѓето да ја вратат целосната верба во вакцините. Во комбинација со чистата вода и хигиената, вакцините се еден од најефективните начини за спречување болести и спасуваат милиони животи секоја година – тогаш зошто луѓето толку лесно решаваат да не ги заштитат своите најмали?

6-mitovi-za-vakcinite-i-zoshto-se-greshni-kafepauza.mk

Луѓето кои се против вакцинирањето кажуваат работи кои може да ве исплашат, и ако не сте добро запознаени со работите кои ги кажуваат, многу лесно може да го прифатите нивното мислење. Па, што е вистина, а што не? Погледнете некои од најпознатите митови за вакцините и зошто се тие грешни.

1. Вакцините предизвикуваат аутизам

Митот дека вакцините предизвикуваат аутизам е постојано присутен. Митот прв пат се појавил во 1998 година во весникот „Lancet“ и бил предложен од Ендрју Вокфилд (кој не е лекар). Тој изјавил дека ММР вакцината можеби е поврзана со појавата на аутизам. Но, она што не го спомнал е дека имал неколку конфликти и бил платен од адвокати кои биле против производителите на ММР вакцината. Со тек на време, поточно во 2010 година се открила целата работа. Ендрју бил класифициран како „неискрен, неморален и бездушен“, а бил обвинет и за измама. Но штом идејата се појавила, научниците почнале да истражуваат, особено бидејќи станувало збор за здравјето на голем број луѓе. Најцврстиот доказ против оваа теорија доаѓа од Јапонија кога ММР била заменета со една вакцина во 1993 година. Но, појавата на аутизмот продолжила да расте и причината е сè уште непозната, но вакцините сигурно не се виновни.

Неодамнешно истражување кое опфаќало 8 разни вакцини уште еднаш покажало дека нема никаква поврзаност помеѓу аутизмот и вакцинирањето. Сепак, митот и до денес е присутен.

2. Сипаниците и детската парализа не постојат, па нема потреба од вакцина

Овие болести исчезнале токму поради вакцините. Индија речиси 2 години нема случај на детска парализа поради камповите кои нудат вакцинација. Во 2005 година Австралија била прогласена за земја без сипаници пред да почнат заговорите против вакцините, но со нивното игнорирање болеста повторно се вратила. Важноста на вакцините може да се набљудува и во Велс каде што моментално има епидемија на сипаници со повеќе од 800 случаи, па дури и една смрт. На многу начини вакцините се жртви на нивниот успех и нè да тераат да заборавиме колку лоши може да бидат болестите кои можеме да ги спречиме.

3. Вакцинираните луѓе почесто се разболуваат од останатите

Ова всушност е вистина, но не значи дека вакцините не функционираат. Важно е да знаете дека тие не се 100% ефективни и не работат како заштитен штит. Па иако постои можност да ја добиете болеста против која сте вакцинирани, симптомите и нејзината јачина ќе бидат значително намалени. Вакцинираните луѓе имаат значително помал број компликации. Бидејќи поголемиот дел од населението е вакцинирано, јасно е дека повеќето луѓе кои ќе се разболат од некоја болест ќе бидат вакцинирани. Но, тие ќе имаат помалку компликации и помалку долгорочни проблеми за разлика од останатите.

4. Невакцинираните луѓе не влијаат на заштитата на вакцинираните

Вакцинацијата не е само личен проблем, таа е одговорност на заедницата, најмногу поради концептот кој е познат како „имунитет на заедница“. Овој концепт објаснува дека вакцините ги спречуваат епидемиите. Некои луѓе не веруваат во валидноста на овој концепт, но за да се уверите доволно е да ги набљудувате местата каде што бројот на вакцинирани луѓе е многу мал. Друг важен фактор во имунитетот на заедницата е тоа што ги заштитува луѓето кои од некои причини не можат да бидат вакцинирани. Овде спаѓаат многу малите деца, луѓето заболени од рак, или старите луѓе.

5. Вакцините содржат отрови

Ако пребарате на Гугл, ќе добиете листа на состојки кои изгледаат навистина страшно. Некои од овие листи се лажни, како на пример тврдењето дека има анти-фриз во вакцините. Некои од хемикалиите (а запомнете дека сè е хемија) навистина се присутни, но во многу мали количини и немаат никаков отровен ефект на луѓето. На пример, една круша има 600 пати повеќе формалдехид од една вакцина. Важно е да сфатите дека отровот е во дозата – во големи количини дури и водата може да ве убие. Исто така, ако слушнете дека вакцините се ставаат директно во крвотокот, ова не е точно.

6. Вакцините ќе влијаат на детскиот неразвиен имунитет

Неодамна било направено истражување за ова мислење на Институтот за медицина во САД. Експертите барале докази дека вакцините се поврзани со астма, хипсерсензитивност, напади, проблеми во развивање на детето и аутизам. Тие заклучиле дека вакцините се безбедни за децата. Бројот на имунолошки предизвици со кои децата „се борат“ секој ден (помеѓу 2.000 и 6.000) е значително поголем од бројот на антигени во сите вакцини заедно.

Погледнете ги и болестите кои се искоренети благодарение на вакцините.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар