Дали пробиотиците се навистина корисни?

Што ако би можеле да земате пилула која би се справила со вашата депресија, констипација, дијареја, егзема, кариес и која би ви го зајакнала имунитетот? Што ако оваа пилула би ве штитела од нечистотиите на светот и би ја вратила рамнотежата на екологијата во вашето тело?

Дали пробиотиците се навистина корисни?

Иако за жал оваа пилула не постои, можеби пробиотиците се близу до неа. Популарноста на овие живи микроорганизми се дуплираше во текот на изминатава деценија. Денес можете да најдете пробиотици или продукти со нив во речиси секоја продавница. Па, дали навистина се од корист и дали се воопшто безбедни?

Освен ако немате навистина лош начин на исхрана или пиете премногу алкохол, нема многу докази дека додатоците со пробиотици ќе ви помогнат во целокупното здравје.

„Ако земате пробиотици најверојатно ќе ги земате секој ден, и најдобро е да ги храните здравите бактерии со пробиотици. Воглавно, здравите луѓе би имале повеќе корист од редовно вежбање, избегнување пушење и пиење многу алкохол, отколку од земањето пробиотици“, изјавил доктор Крис Ирвин, нутриционист од Австралија.

Сепак, пробиотиците можат да бидат ефективен третман за одредени состојби или нарушувања. Иако нема многу докази кои ја поддржуваат идејата дека пробиотиците можат да помогнат со егзема, алергии и проблеми со забите, изгледа дека навистина можат да им помогнат на луѓето кои не сакаат вагинална габична инфекција или инфекција на респираторниот систем. Други истражувања откриле дека пробиотиците можат да помогнат со дигестивни проблеми и можат да го подобрат одењето во тоалет.

Но како потрошувач, што би требало да барате во пробиотикот за да го добиете најдоброто за вашите пари?

„Разните пробиотици имаат разни ефекти, па важно е да барате суплементи што ги содржат бактериите кои најмногу одговараат на вашата состојба. Дозата на бактеријата, односно единицата за формирање колонија е важна и мора да биде доволно висока за да ги сретне предностите набљудувани на клиничките истражувања. Краткиот одговор овде е ако некој бара пробиотици, нека одбере нешто со најразновидни бактерии и највисока единица за формирање колонија“, изјавил Ирвин.

Ирвин исто така препорачува да се советувате со вашиот лекар или нутриционист за да одредите кои брендови би биле најдобри за вас. Сепак, ова е полесно да се каже отколку да се направи. Едно истражување од септември оваа година покажало дека има многу малку надгледување на фабриките кои произведуваат пробиотици. Само во САД, 50% од овие фабрики прекршувале некакво правило. Истражувањето покажало и дека пробиотиците можат да предизвикаат инфекции кај луѓе со послаб имунитет.

Друго истражување од истиот период покажало дека некои луѓе можат да бидат отпорни на овие бактерии, па не ги чувствуваат придобивките. Истражувачите исто така се обиделе да откријат дали пробиотиците му помагаат на микробиомот да се врати по терапија со антибиотици, и откриле дека ја забавува реконституцијата на бактериите во стомакот.

Се разбира, потребни се други истражувања за да се разбере вистинската моќ на пробиотиците и нивното влијание врз нашето здравје. Исто така не би требало да им припишувате повеќе отколку што можат да направат.

„Мала е веројатноста дека пробиотиците се опасни, но не мислам ни дека се волшебни“, изјавил Ирвин.

„Здравите луѓе имаат корист од здрава исхрана богата со зеленчук, овошје и плодови од цели зрна. Од друга страна, ако некој има слаба исхрана и не вежба доволно, неговите дигестивни бактерии можеби би имале корист од пробиотици, но веројатно ќе треба постојано да ги зема за да има трајни ефекти.“

Погледнете и како да ги спречите габичните инфекции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар