Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Компанијата Nervous System дизајнирала неверојатна бесконечна сложувалка која се состои од 442 делчиња. Сложувалката на која е прикажана карта од Земјата нема ниту рабови, ниту точно одредена форма, и е направена од иверица од бреза.

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Класичната мапа ги наметнува нашите претпоставки за светот. Мапата со која сме најдобро запознаени го расклопува глобусот во правоаголник без правилно да ги распореди должината и ширината. Поради ова Гренланд е претворен во масивна тундра, а Антарктикот е непрепознатлива дамка на дното. Изгледа како Арктикот да е премногу широк, кога всушност летањето над него е најбрзиот пат од Европа до САД. Со други зборови, ја воспоставува идејата на свет поделен на исток и запад. Дури и правилниот глобус обично има фиксирана север-југ оска која ни наметнува одредена гледна точка.

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Сложувалката на Земјата е направена според вид мапа наречена полиедарска проекција, каде што сферата е проектирана на форма со рамни страни која потоа е исправена. Во овој случај глобусот е проектиран на форма со 20 страни составени од еднакви триаголници. Ова го намалува искривувањето што се појавува кај повеќето мапи.

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Сложувалката со Земјата може да се реди во безброј форми бидејќи ја има топологијата на сфера и делчињата се соединуваат со ротација.

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Сложувалката има 16 делчиња во форма на животни кои се препознатливи за одредени делови од светот – киви за Нов Зеланд, алпака за Јужна Америка, жирафа и носорог за Африка, и разни китови и морски суштества низ океанот.

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Бесконечна сложувалка без рабови или одредена форма

Погледнете ја и оваа сложувалка од Млечниот пат од истата компанија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар