Дали депресијата е нормална реакција на ненормално општество?

Депресијата е едно од најчестите ментални нарушувања. Се претпоставува дека низ целиот свет над 300 милиони луѓе страдаат од неа. Но дали проблемот зад нејзиното настанување е самото нарушување или пак, виновно е и општеството?

Дали депресијата е нормална реакција на ненормално општество?

Депресијата може да биде парализирачка состојба која ве тера да се чувствувате како да нема никаква надеж на светот. Нејзините екстреми варираат од човек до човек и може да трае од неколку недели, до неколку години, па дури и целиот живот. Прашањето е: Дали депресијата е нормална реакција на општеството во коешто живееме?

Најпознато мислење за депресијата е дека има некој проблем со личноста што страда од неа. Оваа личност има хемиска нерамнотежа во мозокот или има болест што треба да се излечи. Генералниот заклучок од оние кои ја лекуваат депресијата и оние кои страдаат од неа е дека личностите со депресија имаат проблем кој треба да се реши. Чекорите кои најчесто следуваат се барање помош како терапија и/или лекови.

Но што ако проблемот е само делумно кај личноста што страда? Односно, овие луѓе не можат да се отстранат од општеството што очигледно не е како што треба. Многу луѓе не размислуваат за кризата со бегалци, детската работна сила, ропството, финансиската нееднаквост, злоупотребата на животни, сексизмот и лошото справување со глобалните ресурси. Ова не значи дека овие проблеми не се реални.

Поголемиот дел од реалниот свет може да биде навистина депресивно место надвор од нашите индивидуални меури. Ова не значи дека не можеме да бидеме среќни покрај сето ова страдање. Но, ако го гледаме менталното здравје како индивидуален проблем, кога всушност (до некаде) е колективен, може да има влијание на начинот на кој се справуваме со него. Овде не треба да се оттргне и индивидуалната одговорност, но кога ќе се знаат сите причини и кога подобро ќе се разбере проблемот, многу полесно ќе се справиме со него.

Ова не значи дека сè оди во пропаст. Реалноста постои и има многу прекрасни нешта во светот. А каде ќе го насочите вашето внимание, таа област ќе созрева. Сепак, со сето тоа на ум постојат и многу нешта кои се погрешни, а преправањето дека не постојат во име на позитивноста е одрекување на очигледното.

Факт е дека начинот на кој е составено општеството не е во ред, а многу од секојдневните проблеми се резултат на ова. Во ред е да бидете гневни кон општеството, треба да бидете. А ако не сте, можеби нешто ви недостасува. Многу проблеми со менталното здравје се само нормална реакција на општество кое само ги гледа неправдите и страдањето кои непотребно се случуваат.

Погледнете и кои се знаците за депресија кои не смеете да ги игнорирате.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар