Што треба да направите за вашата партнерка да се чувствува како божица?

Секој маж сака лудо да се вљуби и секоја жена сака нејзиниот партнер да ѝ се восхитува. Повеќето жени се многу несигурни во врска со нивното тело, карактер, фризура и старост. Жените не сакаат мажите да ги забележуваат само физичките работи кај нив. Кога еден маж ќе заборави на физичкиот изглед и вистински ќе се поврзе со жената на емоционално ниво, ќе може да направи да се чувствува како божица. Тоа може да се случи само тогаш кога жената ќе се поврзе со најдобрата верзија од себе и ќе почне вистински да се сака себеси. Па како мажите можат да излезат на крај со нерационалната и емоционална страна на жените? Како да се поврзат со жената која ги сака и се грижи не само за нив, туку и за целото семејство и светот? Ова се 3-те начини на кои ќе ѝ помогнете на вашата сакана да се чувствува како божица…

Што треба да направите за вашата партнерка да се чувствува како божица?

1. Направете да се чувствува како да не мора да прави ништо

На жените им треба да знаат дека можат да се исклучат кога се со вас и дека не мора постојано да се грижат за сѐ. Ним им треба да знаат дека додека се со вас, можат да се ослободат од притисокот и чувството на одговорност. Најдобриот начин да го сторите тоа е да организирате љубовни состаноци и посебни моменти кога тие нема да мораат да се грижат за никого. Може да почнете од нешто сосема безначајно, како што е миењето садови. Дознајте кои обврски и задолженија постојано ѝ го одвлекуваат вниманието на вашата сакана, ослободете ја од нив и дозволете ѝ да се исклучи и одмори.

2. Кажете ѝ дека ја поддржувате во сѐ што прави

Прашајте ја вашата сакана дали постои нешто што сака да го прави, без никакви ограничувања! Бидете трпеливи и почекајте го одговорот. Можеби вашата сакана никогаш не размислила за тоа, но би требало. Вие треба да ги охрабрите нејзините желби. Дајте ѝ до знаење дека ве интересираат нејзините желби. На тој начин ќе направите да се чувствува посебни. Жените создаваат длабока поврзаност со нивните партнери кога се чувствуваат посебно.

3. Бидете упорни и дајте сѐ од себе за да ја ослободите од притисокот

Најголемиот притисок го создаваат оние мали секојдневни обврски што ѝ го одвлекуваат вниманието и не ѝ дозволуваат да ужива во животните убавини. Со самото тоа што ќе издвоите време за да разговарате со вашата партнерка и ќе ѝ дадете до знаење дека сакате да ја сослушате, ќе ѝ направите голема услуга и таа ќе ви возврати на тој начин што навистина ќе ви обрне внимание вам и на вашите потреби и желби тогаш кога најмногу ќе ви треба.

Во продолжение прочитајте и како водат љубов мажите кои се вистински заљубени во нивната партнерка.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар