Чоколаден неодолив ролат

Чоколаден неодолив ролат

Доколку ви се пријаде благо, ова е вистинскиот десерт за вас…Чоколаден неодолив ролатПотребни состојки:

  • 500 г мелени бисквити
  • 250 г шеќер во прав
  • 100 г горко чоколадо, рендано
  • 150 г маргарин
  • 200 г кокос
  • 1 шолја млеко

Начин на подготовка:

Загрејте го млекото и ставете половина од шеќерот во него да се растопи. Потоа додадете ги мелените бисквити и чоколадото. Постелете едно парче алуминиумска фолија и распоредете ја смесата рамномерно врз неа.

Маргаринот изматете го со останатата половина од шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Потоа во смесата додадете го кокосот и сипете ја врз тестото. Замотајте го тестото како ролат и оставете го во фрижидер да се олади.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.