Четири предрасуди кои ги следат девојките кои се сингл

Четири предрасуди кои ги следат девојките кои се сингл

Да се биде сингл воопшто не е лоша работа, дури некому може и да му одговара повеќе отколку да има партнер. Затоа и не треба да се осудува или коментира изборот на другите. Во продолжение следат четири митови кои редовно ги следат дамите кои се сингл.

Четири предрасуди кои ги следат девојките кои се сингл

1. Сингл = осамена

Кој вели дека жените кои се сингл секогаш се осамени? Тоа едноставно не е точно. Некои од нив намерно се доведуваат во таква ситуација, но тоа не значи дека е секојдневна пракса. Многу девојки едноставно сакаат да уживаат во животот, живеејќи го со полна пареа, без никој да им стои на патот. Интеракцијата и дружењето со многу луѓе, посветеноста на кариерата и образованието и широкиот спектар на активности им го исполнува времето максимално, а тие во тоа уживаат. Имајте на ум, дека кај нив секогаш постои огромна желба да го пронајдат вистинскиот и дека можат да се фокусираат секоја зацртана цел да им се оствари.

2. Сингл = очајна

Можеби затоа што редовно објавуваат љубовни статуси или песни на своите профили, дамите кои се сингл често се осудувани од околината дека се патетични и очајни. Нема ништо лошо во цитирањето на некоја реченица која ја открива нашата потсвест или дека чувствуваме нешто.

3. Сингл = досадна

Само луѓе кои се љубоморни на статусот сингл на некого можат да кажат дека да си сингл е страшно досадно. Всушност, луѓето кои се сингл имаат многу поголеми можности кога се работи за љубовта и слободните активности. Тие сѐ уште можат сами да си ги донесуваат своите одлуки и да одлучуваат за својата иднина, за разлика од многумина во врска кој се придушени од својот партнер.

4. Сингл = страв од обврзување

Од кога луѓето кои се сингл се плашат од обврзување со само една личност? Не сите жени се плашат дека некој намерно ќе им го скрши срцето. Вистината лежи во тоа што тие сѐ уште не го пронашле вистинскиот човек со кој ќе се чувствуваат сигурно, слободно и сакано. Доколку во некоја конекција постојат овие нешта, што е страшното?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар