Брзи, слатки и шик фризури за девојките што сакаат да бидат ѕвезди на плажа

Брзи, слатки и шик фризури за девојките што сакаат да бидат ѕвезди на плажа

Кога ќе отидете на море, фризурата е последното нешто што ви паѓа на памет, но тоа не значи и дека не може да ви биде многу корисна во текот на денот. Наместо постојано да се мачите да ја исчешлате и отплеткате мократа и непослушна коса, со сол во неа, вие можете да ја соберете во една од овие фризури. Од една страна ќе бидете на раат од неа, а од друга ќе мамите погледи каде и да одите.

Фестивалска плетенка

Нема ништо подобро од старите „боксерски“ плетенки што можат да ја држат вашата коса во ред дури и неколку дена по нивното правење. Од друга страна пак, ако ја расплетите косата по целодневниот престој на плажа и туширањето, тогаш ќе добиете прекрасни бранови и совршена фризура за ноќната журка. За поинакво искуство, сплетете и шарени врвки заедно со прамените.

Целосна или половична пунџа

Овие две фризури нема да ви одземат повеќе од неколку минути за изработка. Исто така, кога станува збор за стил на плажа, ни со двете не можете да изгледате. Доколку сакате да изгледате полежерно, тогаш слободно извлечете неколку прамени кон лицето.

Марама како завршен детаљ

Ако вашата цел е да бидете вистински ѕвезди на плажата, додека пак истовремено и сакате да ја заштитите главата од сонцето, тогаш марамата може да биде совршениот завршен детаљ на вашиот летен аутфит. Едноставно соберете ја косата во опуштено коњско опавче и замотајте ја во марама, или пак, искористете ја самата марама како лента за коса.

Нов летен тренд: Погледнете ги и овие костими за капење во неутрална боја!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар