Месечина, сонце или ѕвезда? Одберете една слика и откријте каква карма ве следи

Дали некогаш сте забележале дека постојат одредени области во вашиот живот каде што секогаш наидувате на предизвици, без разлика колку се обидувате да работите на нив? Постои голема шанса ова да ви се случува поради лоша карма. Па, ако сакате да дознаете како конечно да се справите со овие проблеми и да ја подобрите вашата карма, едноставно одберете една од овие слики и прочитајте го нејзиното значење во продолжение.

1. Оставете ги нездравите односи зад себе

Во минатото сте имале период кога сте се чувствувале осамено, изолирано и напуштено од страна на другите. Токму затоа и сега се обидувате да негувате и односи што не се добри за вас. Понекогаш го гледате само доброто во личноста и не ни забележувате дека лошото надвладува.

Сè што треба да ја подобрите својата карма е да се борите за врските што се добри за вас. Заборавете на нереалниот страв дека ќе останете сосема сами ако немате премногу луѓе околу себе и фокусирајте се на оние луѓе што се вредни за вашето време.

2. Престанете да се сомневате во себе и да ги саботирате своите цели

Можеби сте биле соочени со многу тешки ситуации, а непромислените одлуки од ваша страна само ги влошиле резултатите. Тоа што можеби не го знаете во моментов е дека овие грешки настанале само затоа што не сте си верувале на себе.

Време е да направите еден чекор назад и добро да размислите за своите одлуки. Анализирајте ги сите оние успешни и мудри одлуки и акции и обидете се да ги претворите во пример за следните слични ситуации. Исто така, престанете да барате совет од другите и фокусирајте се на тоа што вам ви е навистина потребно.

3. Почнете да им верувате на другите

Да, вие сте биле жртви на многу превари и непочитувања. Тоа и ве натерало да се држите на дистанца од сите и да не знаете кому да верувате. Но, време е да се ослободите од оваа лоша карма така што ќе ги привлечете луѓето што навистина ви значат.

Едноставно обрнете ѝ внимание на својата интуиција и почнете да им верувате на луѓето што навистина ви се покажуваат во вистинското светло. Знаците лесно се препознаваат, ваше е само да почнете да си верувате дека ја носите добрата одлука.

Одберете и една од овие мандали, кликнете на неа и откријте ја пораката од вашето поголемо јас

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар