Eve Duet прогласен за најдобар парфем од страна на Фондацијата за мириси во Велика Британија

Eve Duet прогласен за најдобар парфем од страна на Фондацијата за мириси во Велика Британија

Првиот двоен парфем од Avon е награден за иновативниот пристап во понудата на мириси во премиум сегментот

Eve Duet прогласен за најдобар парфем од страна на Фондацијата за мириси во Велика Британија

Мирисот Eve Duet од AVON ја победи овогодишната сериозна конкуренција и ја освои наградата „Избор на читателите“ во соработка со магазинот Elle UK, а истата беше доделена од страна на Фондацијата за мириси на Велика Британија. Познати како „Оскарите“ во индустријата за мириси, овие награди ги препознаваат најдобрите парфеми на пазарот:

Според Ана Верстлер, Маркетинг директор во AVON за брендот Eve Duet, наградата претставува признание за иновативната работа на компанијата во подигнувањето на нивото на понудата на премуим мирисите. „Кога го креиравме Eve Duet, нашата главна цел беше да ги искажеме и рефлектираме расположенијата и чувствата на модерната жена преку мирис. Добивањето на наградата ‘Избор на читателите’ е доказ дека нашите напори вродиле со плод, особено во категорија која вкучува брендови како Шанел, Гучи и Диор.“

Eve Duet прогласен за најдобар парфем од страна на Фондацијата за мириси во Велика Британија

Како ко-креација во соработка со извонредниот парфимерист Жан-Марк Шаилен и со Ева Мендез како заштитно лице, Eve Duet од AVON стана еден од најпрепознатливите мирисни трендови на 2017-та година – трендот на мешање и нанесување на мириси во слоеви.

Овој мирис е првиот двоен концепт од Avon кој им нуди на жените можност за комбинирање и нанесување на нивниот мирис со премиум состојки во слоеви, без да биде обременет со скапа цена која често е карактеристика за оваа категорија.

Фондацијата за мириси ја препознава и наградува извонредноста на полето на мириси уште од 1992 година, земајќи ги предвид аспектите на рангирање кои ги вклучуваат пакувањето, рекламирањето и изборот на најдобар мирис.

Eve Duet беше лансиран во Македонија на почетокот на месец октомври 2017-та година, со почетна промотивна цена од 1.090 ден. Оваа година, истиот може да се порача по исклучителна цена од само 890 ден.

Eve Duet прогласен за најдобар парфем од страна на Фондацијата за мириси во Велика Британија


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар