Брза торта со кокос и банани која не се пече

Многу лесна и брза торта со кокос и банана за целото семејство!

Брза торта со кокос и банани која не се пече

Потребни состојки:

  • 2 ќесички пудинг од ванила
  • 125 гр маргарин
  • 200 гр шеќер во прав
  • 300 гр посни бисквити
  • 5 лажици кокос
  • 3 ќесички шлаг пена
  • 2-3 банани
  • вода според упатствата

Начин на подготовка:

  1. Сварето го пудингот во 600 милилитри вода и оставете го да се излади. Во изладениот пудинг додадете маргарин изматен со шеќер во прав.
  2. Изедначете ја масата, а потоа додадете кокос, скршени бисквити и банани исечени на кругови. Измешајте, истурете на послужавник и обликувајте ја тортата со рацете.
  3. Премачкајте ја со шлаг измешан со вода и ставете ја во фрижидер да се стегне.
  4. Украсете по желба со кокосови струготини и банани.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за ролнички со цимет и прелив од боровинки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар