Брада која жените ја сакаат

Брада која жените ја сакаат

Според најновото истражување кое го спровело списанието „Evolution and Human Behavior“, за жените најпривлечни се мажите кои имаат брада од 10 дена. Жените кои учествувале во истражувањето оценувале фотографии од мажи, кои имале брада во различни стадиуми. На делба на второто место се нашле тазе бричените мажи и целосно забрадените, додека оние со петдневна брада се нашле на третото место. Во продолжение прочитајте неколку совети за совршено одржување на вашата брада.Брада која жените ја сакаат

Бидете уредни

Само затоа што пуштате брада не мора да значи дека можете да се опуштите. Според Алан Петеркин, авторот на книгата „Илјада бради: културна историја на влакната на лицето“, долната линијата на брадата треба да се наоѓа на средина помеѓу адамовото јаболко и врвот на брадата. Не заборавајте и на образите. Доколку влакната почнат да растат на јагодичните коски, задолжително отстранете ги.

Бидете мазни

На секого му се случило да се разбуди наутро и да сфати дека ова ќе биде лош ден за правење фризура, бидејќи косата изгледа ужасно. Истото може да се случи и со брадата. Постои еден трик кој лесно може да ги прикрие сите неправилности и нерамнини на брадата, а тоа е крема за лице. Намачкајте го убаво лицето, но не претерувајте.

Бидете меки

Тоа што не се гледа не мора да значи дека не постои. До кожата под брадата можеби тешко се стигнува, но и понатаму треба да ја чистите и хидрирате кожата. Ова особено е важно доколку во брзо време сакате целосно да се избричите, па затоа редовно нанесувајте хидратантна крема, со што ќе ви се омекнува и влакното на брадата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар