Брзо и лесно мезе: грчка салата на стапче

Брзо и лесно мезе: грчка салата на стапче

За околу 25 минути добивате практична, свежа, здрава и вкусна салата… 🙂
(1) Брзо и лесно мезе: грчка салата на стапчеСостојки:

  • 3-4 краставици исечени на крукчиња
  • 1 ½ кг чери домати (купете ги најмалите)
  • 1 шолја маслинки – исчистени од семките и преполовени
  • 1 парче фета сирење исечено на ситни коцки
  • 1 супена лажица свежо исцеден лимон
  • 2 супени лажици масилиново масло
  • ¾ кафена лажица оригано
  • бибер
  • чепкалки за заби

Подготовка:

На стапчето (чепкалката за заби) најпрво боцнете чери домат, потоа краставичка, па маслинка и на крајот, завршете со парче сирење. Повторете ја постапката сè додека не ги потрошите сите состојки. Стапчињата со салата наредете ги на рамна чинија или послужавник, така што сирењето ќе биде најдолу. Попрскајте ги со лимонот и маслиновото масло. Најпосле поросете ги и со ориганото и биберот.

Добар апетит! 😉


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар