Безглутенски ролат со јагоди и крем од ванила

Доколку имате нетолеранција на глутен, мора постојано да внимавате што јадете и да ги проверувате состојките на сите оброци. За среќа, денес можете да најдете многу безглутенски рецепти на Интернет. Доколку немате идеја за десерт, тогаш пробајте го овој лесен рецепт за безглутенски ролат со јагоди и крем од ванила.

Безглутенски ролат со јагоди и крем од ванила

Потребни состојки:

За тесто:
  • 4 јајца
  • 1 лажица какао
  • Малку екстракт од ванила
  • 90 грама шеќер
  • 85 грама безглутенско брашно
За фил:
  • Две кесички пудинг од ванила
  • 10 грама путер
  • 850 милилитри млеко
  • Ситно исечкани јагоди

Начин на подготовка:

  • За да го подготвите филот, сварете го пудингот според упатството на кесичката, а потоа во него ставете го и путерот. Додајте ги и исечканите јагоди.
  • За тестото, изматете ги белките од јајцата и направете шлаг.
  • Изматете ги жолчките со шеќер и направете пенеста смеса. Додајте ги брашното, екстрактот од ванила и какаото.
  • Во жолчките додајте неколку лажици од шлагот за да ја разредите смесата, па потоа додајте ја целата смеса во шлагот.
  • Смесата за тесто ставете ја во плитка тава обложена со хартија за печење. Ставете ја во рерна и печете 10 до 15 минути, на температура од 180 степени.
  • Извадете го тестото и направете го во ролат, заедно со хартијата за печење и влажна крпа, и така оставете го да се излади.
  • Откако ќе се излади, тргнете ги крпата и хартијата, нанесете го филот и повторно направете ролат.
  • Оставете го да се излади, а потоа декорирајте по желба.

Доколку сакате овошни десерти, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој рецепт за тирамису со јагоди.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар