Кафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нешта

Во Америка постои навистина посебна кафетерија наречена Bitty & Beau’s Coffee Shop. Местото било отворено со цел да направи разлика во светот. Овде нема да ве послужат само со пијалаци и храна, туку и со неверојатно искуство. Според официјалниот веб-сајт на кафетеријата, ова е место каде што разновидноста не само што се цени, туку и се слави.

Кафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нешта

Па што е она што ја прави оваа кафетерија толку уникатна? Ова е бизнис каде што се вработуваат луѓе со попреченост во физичкиот и менталниот развој. Сопствениците сакале да направат нешто за да ги подобрат животите на вработените и да ги променат верувањата на муштериите. Тие сакале да покажат дека луѓето со попреченост се способни за работа како и секој.

Денес помалку од 20% од луѓето со попреченост се вработени. Најчесто тие работат со половина работно време и поретко завршуваат факултет, со што им се отежнува барањето работа. Воглавно, тешко им е да го пронајдат нивното место во професионалниот свет, а стигмата е најголемата пречка за тоа.

Кафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нешта

Многу луѓе не се свесни за животите, желбите и способностите на луѓето со попреченост. Поради ова, повеќето сметаат дека овие луѓе немаат многу да понудат. Често и работодавците се загрижени дека не можат да им ја понудат потребната поддршка на работниците со попреченост.

„Моите вработени не се расипани. 200 милиони луѓе ширум светот кои живеат со ментална или физичка попреченост во развојот не се расипани. Она што е расипано е леќата низ која ги гледаме овие луѓе“, изјавила сопственичката Ејми Рајт.

Кафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нешта

Интересното за оваа кафетерија е тоа што веќе почна да ги предизвикува погледите на луѓето. Таа станало место каде што вработените со попреченост се видени, но и ценети. Муштериите од прва рака сведочат дека и овие луѓе можат да работат како и сите други. Сопствениците се надеваат дека нивниот успех ќе инспирира и други компании да ги најмуваат луѓето со попреченост.

Кафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нешта

Сопственичката Ејми е мајка на две деца со Даунов синдром – синот Бо и ќерката Бити. Бидејќи била свесна дека светот не е лесно место за луѓето како нејзините деца, таа добила идеја.

„Ме удри како молња – кафетерија! Сфатив дека ова ќе биде совршеното опкружување за зближување луѓе. Кога ќе видат како вработените примаат порачки и служат кафе, ќе сфатат колку се способни.“

Кафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нешта

Првата кафетерија е отворена во 2016-та година во Њујорк, а поради големиот успех, во 2018-та година отворена е уште една кафетерија во Јужна Каролина. Големиот успех ѝ донел и награда на Ејми во 2017-та година и таа е прогласена за херој на годината. Кога ја земала наградата, Ејми изјавила:

„Ќе им го однесам ова дома на 40-те вработени во Bitty & Beau’s бидејќи тие се моите херои. И најмногу од сè, мои најмили деца, Бити и Бо, кои сте моја инспирација, сакам да знаете, бидејќи знам дека гледате, дека нема да ве променам за ништо на светот, но ќе го променам светот за вас.“

Кафетерија вработува луѓе со попреченост во развојот и докажува дека и тие се способни за многу нешта

Кафетеријата постојано добива позитивни критики, а на муштериите им се допаѓаат пијалаците и услугата. Со популарноста на бизнисот која само се зголемува, Ејми и нејзиниот сопруг бараат нови локации за нови кафетерии. Целта им е да продолжат да отвораат локали низ целата држава, за да им овозможат работно место на повеќе луѓе со попреченост.

Прочитајте ја приказната и на оваа неверојатна жена која прави персонализирани кукли за деца со попреченост во развојот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар