Жена прави персонализирани кукли за деца со попреченост во развојот

Голема е веројатноста да сте барале приврзок со вашето име, а кога ќе го најдете да се чувствувате навистина убаво. Сега замислете некој да ви направи персонализирана кукла која изгледа како вас. Токму тоа го направила Ејми Јандрисевич за многу деца со пречки во развојот.

Жена прави персонализирани кукли за деца со попреченост во развојот

Пред да почне да прави кукли, Ејми била социјален работник во клиника за педијатриска онкологија. Во терапиите користела кукли, но со текот на времето забележала дека сите кукли што ги употребувала имале густа коса и изгледале совршено здрави. За жал ова не ги опишувало децата со коишто работела.

Ејми сфатила колку е тешко да го натерате детето да верува дека е убаво ако не може да се види во ништо што би требало да изгледа како него. Па, решила да почне да прави нејзини кукли. Кога родителите разбрале што прави, почнале да бараат да прави кукли со разликите кои ги прават нивните деца посебни.

Жена прави персонализирани кукли за деца со попреченост во развојот

Четири години подоцна правењето кукли ѝ станало мисија на Ејми, па целиот проект го нарекла „Кукла како мене“. Во овој период таа направила околу 300 кукли, а побарувачката само растела. За изработката на секоја кукла биле потребни околу 90 евра, но насмевката на детските лица за Ејми била бесценета. Поради тоа Ејми се обидела самата да ги покрие трошоците доколку родителите немале доволно финансиски средства. За оваа цел таа започнала кампања со која собирала пари. Покрај тоа што донираните пари ќе ги покријат трошоците за изработка и достава на куклите, таа сака да ги искористи и за непрофитна организација со истото име – „Кукла како мене“.

Жена прави персонализирани кукли за деца со попреченост во развојот

Досега Ејми има склучено договор со детска болница за да ги пронајде децата кои имаат потреба од куклите што навистина можат да ги наречат нивни. Луѓето ширум целиот свет ја поддржуваат нејзината идеја, па таа има собрано речиси 20.000 евра.

Главната цел на Ејми е да продолжи да ги прави куклите, без да ги обврзува семејствата да плаќаат за нешто што е клучно за среќата на нивните деца.

„Ако го гледаме менталното здравје како неопходен дел од медицинската нега, ова е клучно. Ако сакате признание и терапија со игра, потребни ви се овие кукли.“

Жена прави персонализирани кукли за деца со попреченост во развојот

Покрај тоа што куклите се со различна етничка припадност, имаат различни белези и физички разлики, Ејми сака да прави кукли и според желбите на децата. На почетокот правела кукли со различни екстремитети, но постепено научила како да прави кукли со албинизам, белези и лузни од изгореници. Таа изјавила дека зад секоја кукла што ја прави има приказна, но ги оставала фотографиите самите да зборуваат за себе.

Жена прави персонализирани кукли за деца со попреченост во развојот

Уште подобро е и тоа што самите родители изјавувале колку позитивно влијание имале куклите врз нивните деца. На секоја фотографија можете да забележите колку Ејми им обрнува внимание на деталите – од облеката и формата на телото, па сè до белезите кои се наоѓаат на исто место.

Жена прави персонализирани кукли за деца со попреченост во развојот

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар