Вознемирувачки цртеж на 7-годишно девојче ќе ве натера да внимавате на онлајн активноста на вашето дете

Вознемирувачки цртеж на 7-годишно девојче ќе ве натера да внимавате на онлајн активноста на вашето дете

За жал, денес многу родители ги користат телефоните и таблетите како дадилки за да можат да ги завршат нивните обврски. Но објавата на една мајка ќе ве потсети зошто ова не е добро.

Вознемирувачки цртеж на 7-годишно девојче ќе ве натера да внимавате на онлајн активноста на вашето дете

Навистина е тешко да ги избегнувате екраните или да ги натерате вашите деца да го прават тоа. Технологијата е насекаде околу нас и освен ако не се исклучите од светот, изгледа невозможно да се оттргнете од неа.

Многу родители сметаат дека тоа што одвреме-навреме ги проверуваат децата е доволно за нивната онлајн безбедност. За жал, само затоа што вие мислите дека нема проблем, не значи дека навистина го нема. Една жена, Мејди Липер, неодамна го научила ова на потешкиот начин.

Мејди споделила вознемирувачка објава на Фејсбук за она што ѝ се случило на нејзината 7-годишна ќерка додека играла онлајн игри.

„Ова ми е особено тешко да го објавам. Мислев долго за ова. Одлучив дека е премногу важно за да не им ја подигнам свеста на другите родители. Ова не е за критика. Само сакам другите родители да знаат на што да внимаваат…

Јутјуб за деца, Roblox, Fortnite… без разлика колку мислите дека го набљудувате вашето дете… не е важно. Моето 7-годишно дете беше научено како да изврши самоубиство од децата на Јутјуб и овие игри. Таа ми кажа дека не се чувствува запоставено или несакано, туку другите играчи постојано ѝ викале да се убие. Ѝ покажале како.

Во недела навечер имаше напад на анксиозност, а јас ја држев и ѝ пеев додека да ѝ помине. Во понеделник го нацртала ова на училиште. Ова е премногу реална опасност. Никогаш не помислив дека ќе му помагам на 7-годишно дете да надмине напад на анксиозност. Ве молам држете ги децата понастрана од овие нешта. Мене само ми е мило што моето дете може да ги искаже своите чувства пред да се обиде да се повреди. Никогаш не мислев дека нешто ‘невино’ како Јутјуб за деца би ги имало овие пораки. Повторно, го споделувам ова искуство со надеж дека ќе спречам друго дете да помине низ истото.“

Мејди објавила и цртеж што го направила нејзината ќерка. На цртежот се гледа личност која виси со јаже околу вратот.

Вознемирувачки цртеж на 7-годишно девојче ќе ве натера да внимавате на онлајн активноста на вашето дете

Јутјуб е полн со канали направени со цел да им наштетат на умовите и емоциите на децата. Често видеата се навидум детски, со ликови и херои од анимираните филмови. Но кога ќе погледнете подобро, ќе откриете дека некои од нив имаат навистина вознемирувачка содржина.

Па, во иднина внимавајте на активноста на вашето дете. Откријте што прави и со кого комуницира. Бидете покрај него сè додека не е доволно големо за самото да знае што е погрешно и опасно, а што не.

Погледнете ги и овие вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар