4-те хороскопски знаци за кои сезоната на Рибите ќе биде лош период

Сезоната на Рибите започна и можеби веќе ги чувствувате ефектите, но за овие хороскопски знаци нештата не се така добри. Бидејќи Рибите се можеби најкомплексниот знак во Зодијакот, нивната сезона може да биде навистина проблематична. Доколку се наоѓате на оваа листа, подгответе се, бидејќи ве чека бурен период.

4-те хороскопски знаци за кои сезоната на Рибите ќе биде лош период

1. Овен

Можно е да чувствувате како да имате помалку енергија од вообичаено. Ќе ви биде потребна некоја страст, која најверојатно нема да се појави. Сепак, не дозволувајте ова да ве покори. Овој период забавете и дајте си го потребниот одмор. Искористете ја оваа сезона за да се поврзете со вашиот внатрешен глас и да ги истражите вашите способности. Одвојте време за себе, бидејќи наскоро ќе помине сè.

2. Лав

Овој период ќе бидете навистина емотивни, а најверојатно ќе се појават физички и проблеми со интимноста. Можно е да имате и сериозни проблеми со долгови, даноци или некакво наследство. Обидете се да не мислите премногу на тоа. Одвојте време за себе и запомнете – нема потреба постојано да бидете позитивни. Постои време и место за сè.

3. Стрелец

За повеќето Стрелци, 2019-та година била одлична досега. Но, сезоната на Рибите ќе биде малку поразлична. Ќе забележите дека расположението ви се менува почесто од вообичаено и ќе се чувствувате како да сте на погрешно место. Забавете овој период и наполнете ги вашите батерии, бидејќи за многу брзо ќе се вратите во игра.

4. Водолија

Иако ова нема да биде најлошиот период од годината за вас, сепак ќе се појават неколку компликации. Важно е да размислите за вашето здравје, буџет и за вашата врска со парите. Исто така, овој период треба добро да размислите за вашата вредност. Дали барате доволно на работното место? Дали добивате доволно од врските со луѓето коишто ви се најблиски? Не дозволувајте им на другите да ве користат.

Погледнете и кои се хороскопските знаци што ќе имаат магичен период во сезоната на Рибите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар