Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

Некои фотографии и видеа што се објавуваат на Интернет можат да се прослават преку ноќ. Овие информации се шират низ целиот свет и понекогаш започнуваат нови трендови. Многумина се охрабрени да се придружат. Но, некои од овие трендови резултираат во вистинска човечка глупавост. Погледнете некои од Интернет трендовите што завршиле со вистинска катастрофа.

1. Момо

Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

Овој ужасен Интернет тренд е поврзан со самоубиствата на двајца тинејџери и едно дете. Играта се играла низ Јужна Америка, Азија, Мексико, Франција, Германија и САД. Играчите испраќале порака на број, а од бројот го добивале следниот предизвик. Предизвиците вклучувале самоповредување, гледање хорор филмови и будење во необично време. Играчите добивале закани дека ако не ги исполнат задачите ќе бидат објавени нивни лични информации. Последниот предизвик бил самоубиство.

Оваа година во Индија било пронајдено 18-годишно момче кое се обесило во неговиот дом. Ѕидовите околу него биле испишани со графити поврзани со играта. Во септември оваа година во Колумбија, самоубиство извршиле и 16-годишно момче и 12-годишно девојче поради играта. Полицијата уште трага по личноста која стои зад Момо.

2. Синиот кит

Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

Овој тренд се појави во 2016-та година. Играта почнува со следење на профил на социјална мрежа кој им дава задачи на играчите во траење од 50 денови. Задачите вклучуваат самоповредување и го охрабруваат убиството. Играта била поврзана со 130 смртни случаи во Русија.

3. Планк

Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

За овој предизвик потребно е да направите фотографија од некој легнат на стомак со рацете поставени покрај телото. Колку понеобична локација, толку подобро. Иако започнало како забава, луѓето постепено почнале да се фотографираат на опасни локации. Во 2011-та година, овој тренд му го зеде животот на 20-годишниот Актон Бил од Австралија кој паднал од балкон.

4. Екстремни селфи фотографии

Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

Некои луѓе го носат правењето селфиња на ново ниво, а со овој тренд се поврзани 127 смртни случаи. Тинејџерка од Мумбај била убиена кога ѝ било одвлечено вниманието од фотографирање и не го забележала огромниот бран зад неа што ја завлекол во морето.

5. Слендермен

Вознемирувачки Интернет трендови што предизвикале повреди и несреќи

Слендермен започна како хорор приказна на еден форум и наскоро стана глобален феномен кој заврши со обид за убиство. Слендермен е висока фигура без лице која демне и киднапира деца. Во 2014-та година, Морган Гејсер и Аниса Вејер кои тогаш имале 12 години, ја однеле нивната пријателка во шумата и ја избоделе 19 пати. Потоа се упатиле кон шума оддалечена на 500 километри за да го пронајдат Слендермен.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар