25 факти за вселената што астронаутите сакаат да ги знаете

25 факти за вселената што астронаутите сакаат да ги знаете

Не е тајна дека астронаутите имаат неверојатен живот и искусуваат работи што не ги пробал никој друг. Поради ова, веројатно имаат многу совети, трикови и тајни кои би сакале да ги споделат со нас. Од тајната за нивниот успех, до животот во вселената, можеме да научиме навистина многу од астронаутите.

25 факти за вселената што астронаутите сакаат да ги знаете

1. Ждригање

Можеби изгледа чудно, но ждригањето во вселената е невозможно. Односно можете да се обидете, но сигурно ќе повратите.

2. Повраќање

Многу астронаути повратиле во вселената и имаат разни начини да се справат со тоа. Всушност, многу астронаути минуваат 10 минути дневно во машина што им го тренира мозокот да не се дезориентира и да повраќа.

3. Замрзнат пржен коктел од ракчиња

И јадењето во вселената си има свои предизвици. Дел од храната е навистина лоша и многу астронаути признале дека со недели јаделе само замрзнат пржен коктел од ракчиња. Наводно, само овој оброк го задржувал неговиот вкус и текстурата.

4. Миризба

И вселената не е имуна на лошата миризба. Астронаутите со години кажуваат приказни за лошиот мирис во вселенските летала. Интернационалната вселенска станица е опремена со систем за филтрирање на воздухот, па лошите миризби се сведени на минимум.

5. Филмовите прават да изгледа лесно

Филмовите често го претставуваат патувањето во вселената како гламурозно и лесно, но тоа е сè освен точно. Всушност, новите астронаути имаат толку многу проблеми со нулта гравитација, што често се удираат во ѕидовите и ги кршат нивните шлемови.

25 факти за вселената што астронаутите сакаат да ги знаете

6. Бидете нула

Астронаутите имаат неколку тајни за нивниот успех, а една ќе ви изгледа навистина противречна. Тие сметаат дека треба да бидете нула. Односно повеќе слушајте ги другите наместо да давате мислење. Учете со слушање.

7. Кивање

Замислете си да носите скафандер и да сакате да кивнете. Последното нешто што сакате да ви се случи е да го испрскате вашиот шлем. За да го решат овој проблем, астронаутите ја навалуваат главата кон градите и тогаш киваат.

8. Да бидете во вода не е исто како да сте во вселената

Сите знаеме дека астронаутите тренираат во вода за да симулираат нулта гравитација. Проблемот е што да бидете во вода воопшто не наликува на престојот во вселената. Најчесто се тестираат под вода за нешта како работење под притисок во тешко опкружување.

9. Музика за будење

За кога ќе се разбудат веднаш да сфатат дека се во вселената наместо на Земјата, контролата или пријателите на астронаутите одбираат разна музика. Понекогаш тие се будат и со дијалог од филм или серија.

10. Не преувеличувајте

Друга тајна за успехот на астронаутите е да не преувеличувате. Ова изгледа навистина лесно додека не сфатите дека е дел од вашата работа.

25 факти за вселената што астронаутите сакаат да ги знаете

11. Трки

Астронаутот Стив Свенсон се тркал во вселената. Сигурно се прашувате како. Бил врзан на лента за трчање, додека неговите пријатели трчале на Земјата. Свенсон бил на Интернационалната вселенска станица и им се јавил од мобилен кога завршил.

12. Плашење

Бидејќи лебдењето низ станицата не предизвикува никаков звук, навистина е лесно да му се прикрадете некому и да го исплашите.

13. Растење

Кога астронаутите минуваат многу време во вселената, нултата гравитација прави да станат малку повисоки. Кога се враќаат на Земјата си ја враќаат „нормалната“ височина, а болката во грбот наводно била ужасна.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар