Ако прстите ви се отечени, можеби имате некое од овие сериозни заболувања

Ако прстите ви се отечени, можеби имате некое од овие сериозни заболувања

Прстите отекуваат од многу причини, па ако често јадете брза храна или грицки, немојте да се изненадите ако еден ден се разбудите со подебели прсти од вообичаеното. Внесувајќи солена храна, телото задржува повеќе вода, па се појавуваат отоци насекаде, вклучително и на прстите.

Ако прстите ви се отечени, можеби имате некое од овие сериозни заболувања

Сепак, понекогаш отокот укажува на посериозни здравствени состојби како што се остеоартритис, проблеми со бубрезите, блокада на лимфниот систем и други. Затоа, ако имате отечени прсти, треба да знаете кога треба да посетите лекар.

Остеоартритис

Остеоартритисот е дегенеративна болест која најчесто се препознава со отекување на зглобовите на прстите. Возраста е најчестата причина за остеоартритис, која може да биде придружена со чувство на болка и вкочанетост.

Ревматоиден артритис

Ревматоидниот артритис е автоимуно заболување кое ја напаѓа обвивката на зглобовите и може да предизвика оток на прстите. За разлика од остеоартритисот, ревматоидниот артритис нема никаква врска со возраста и може да му се случи секому.

Синдром на карпален тунел

Кога нервот што поминува од подлактицата до дланката на раката е згмечен или притиснат на зглобот, тогаш се развива синдромот на карпален тунел. Овој оток обично е придружен со болка, пецкање или вкочанетост на рацете и на прстите. Истражувањата покажуваат дека овој синдром се јавува три пати почесто кај жените отколку кај мажите.

Блокада на лимфниот систем

Лимфедемот е хронична и прогресивна болест што се јавува во екстремитетите или трупот. Тоа е болест на лимфната циркулација и се јавува кога лимфата, која пренесува отпад, бактерии и вируси, не функционира правилно. Лимфедемот е поврзан со операција или третман на рак на дојка.

Прееклампсија

Отекувањето на прстите е честа појава кај бремените жени. Но, ако е придружена со оток на лицето и на рацете, толку силно што притискањето на отокот остава видливи вдлабнатини, тоа може да биде прееклампсија. Оваа состојба се карактеризира и со висок крвен притисок и ако не се лекува, може да има сериозни последици и за мајката и за детето. Особено изложени на ризик се бремените жени постари од 40 години, оние кои носат близнаци и оние кои имаат прекумерна тежина.

Прочитајте кои се 7-те животни навики за здраво срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар