8 работи што никогаш не смеете да ги правите во салата за вежбање

Ако некогаш сте отишле во сала за вежбање, сигурно знаете дека постојат луѓе кои не знаат како да се однесуваат и поради нив посакувате да си останевте дома. Постојат 8 непишани правила кои сите посетители на салата треба да ги почитуваат и знаат со цел да се создаде пријатна атмосфера во која ќе можат да уживаат сите луѓе кои решиле да вежбаат дента. Во продолжение прочитајте за што станува збор…

1. Не ја оставајте опремата извалкана од пот

8 работи што никогаш не смеете да ги правите во салата за вежбање

Нормално е да се потите додека вежбате, но затоа треба да си носите пешкирче за себе, но и за да ја избришете потта од опремата што сте ја користеле. Поголемиот дел од справите се со кожна обвивка што значи дека вашата пот нема магично да исчезне, освен ако не ја избришете.

2. Не ги зафаќајте справите ако не ги користите

8 работи што никогаш не смеете да ги правите во салата за вежбање

Постојат луѓе кои само се „мотаат“ околу справите. Си пишуваат пораки на телефон, проверуваат имејлови, прават селфиња, па дури и дремнуваат додека другите чекаат на ред. Ако сте отишле во теретана, тоа значи дека треба да вежбате. Не го заборавајте тоа.

3. Не разговарајте гласно на телефон и не пуштајте гласна музика

8 работи што никогаш не смеете да ги правите во салата за вежбање

Нема ништо понапорно од луѓето кои зборуваат на телефон долго и гласно додека се во салата за вежбање. Ништо подобри не се ни оние кои слушаат музика толку гласно, што сите останати можат да ја чујат дури и преку слушалки.

4. Справите се за сите

8 работи што никогаш не смеете да ги правите во салата за вежбање

Се сеќавате ли кога одевме во градинка и нѐ учеа дека лулашките се за сите деца? Исто така треба да се однесувате и во салата за вежбање. Немојте да користите само една справа цело време. Немојте да поминете два часа на лентата за трчање ако забележите дека и други луѓе чекаат за да ја користат.

Продолжете на следната страница за да ги прочитате и останатите 4 правила…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар