Искрени исповеди: Овие луѓе споделуваат кои се најдобрите животни одлуки што некогаш ги донеле

Кога би требало да кажете кои се најважните животни одлуки што сте ги донеле, кои би биле тие? За некои луѓе тоа би биле одлуките поврзани со љубовните врски и кариерата, додека, пак, други би ги издвоиле одлуките од кои им зависела животната ситуација. Се вели дека се каеме само за работите што не сме ги направиле во животот, а не за тие што сме ги направиле. Секако дека ова мислење не важи за сѐ во животот, особено кога станува збор за експериментирање со дрога и практикување незаштитен секс, но многу полесно е да жалиме по она што сме го пропуштиле, отколку за она што сме го пробале и сме сфатиле дека не е за нас. Истото важи за кариерата, местото на живеење, домашните миленици, па дури и за стилот на облекување.

Искрени исповеди: Овие луѓе споделуваат кои се најдобрите животни одлуки што некогаш ги донеле

Доколку се наоѓате пред раскрсница и треба да направите голем животен избор, секогаш детално разгледајте ги сите опции, побарајте помош од луѓето на кои им верувате, послушајте го вашиот инстинкт и направете го она што е најдобро за вас. Неколку луѓе решиле да споделат кои се најдобрите животни одлуки што тие некогаш ги донеле. Прочитајте ги нивните искрени исповеди…

1. Одлуки поврзани со врските

„Најдобрата одлука што некогаш сум ја донела е таа што решив да си останам сингл.“

„Одлучив дека ќе го ценам секој човек со кого ќе се спријателам, а кога ќе заврши пријателството, ќе ги ценам сеќавањата што настанале од него.“

„Најдобрата одлука во мојот живот е тоа што се разведов.“

„Му ставив на крај на семејното насилство и тоа е најдобрата одлука што сум ја донела. Ме спаси љубовта што ја имав за себе.“

„Му раскинав на мојот агресивен поранешен партнер. Го запознав најдобриот човек на светот и се омажив за него.“

„Најдобрата одлука во мојот живот е тоа што се оженив за мојата прекрасна сопруга.“

Искрени исповеди: Овие луѓе споделуваат кои се најдобрите животни одлуки што некогаш ги донеле

2. Одлуки поврзани со домашни миленици

„Најдобрата одлука што некогаш сум ја донела е тоа што си вдомив прекрасно кученце.“

„Вдомив улично куче и маче и им го подарив целото мое срце.“

Искрени исповеди: Овие луѓе споделуваат кои се најдобрите животни одлуки што некогаш ги донеле

Продолжете на следната страница за да ги прочитате останатите големи животни одлуки…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар